ИНАТИТУТОТ за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков, со реакција на изданието од Бугарската академија на науки – Македонскиот јазик е реалност и е посебен, а не југозападна писмено-регионална форма на бугарскиот јазик. Изданието од БАН е ненаучно и тенденциозно.
ГРАДОТ Скопје наскоро ќе објави повик за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.
БУЈАР Османи, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, денес од Струга истакна дека мора да се изнајде начин како да се овозможи пректикување на верските обреди, но и да се внимава на здравјето, водејќи се по препораките на институциите.
МАКЕДОНСКИОТ полициски синдикат (МПС) од името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи апелира до лидерите на верските заедници и сите граѓани да се воздржат од организирање на верски манифестации, настани или да поттикнат собирање на граѓани и на каков било друг начин да не се почитуваат донесените мерки за заштита од Ковид-19.
ГРАНИЦИТЕ на Хрватска од утрово се отворени, а според таа одлука, на хрватските граѓани им е дозволено да доаѓаат, односно да заминуваат во странство, почитувајќи ги општите и посебните препораки на Хрватскиот институт за јавно здравје.
БРОЈОТ на антисемитски кривични дела во Германија се зголеми за 13 проценти минатата година, објави денеска весникот „Велт ам Зонтаг“.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на САД Доналд Трамп најави дека од следната недела државата ќе почне да купува млеко, месо и други производи од домашните земјоделци во вредност од три милијарди долари.
Starting early next week, at my order, the USA will be purchasing, from our Farmers, Ranchers & Specialty Crop Growers, 3 Billion Dollars worth of Dairy, Meat & Produce for Food Lines & Kitchens. “FARMERS TO FAMILY FOOD BOX” Great news for all! @SecretarySonny @ZippyDuvall
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 9, 2020
АМЕРИКАНСКАТА Агенција за храна и лекови при Министерството за здравство одобри користење на нов тест за откривање антитела на новиот коронавирус, соопшти прес службата на Агенцијата