ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Економскиот совет на СДСМ утврди нов пакет економски мерки, но Владата одлучува кога ќе ги објави (Видео)

May 10, 2020 17:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција одговарајќи на прашањето за тоа до каде е третиот сет на мерки кои СДСМ ги најавуваше, особено директна помош на граѓаните од по 10.000 денари, рече дека дебата за тие мерки во СДСМ е помината, но Владата е таа што треба да ги одобри и објави.

Заев рече дека Владата прво разговара со коалиционите партнери, со синдикатот, со коморите и со банките, па потоа ги носи одлуките за економскиот пакет.



„Јас некни најавив економски пакет, помина таа дебата на економскиот совет на Социјалдемократскиот сојуз на којшто учествиваа премиерот, министерот за финансии, претседателката на Владата за економски прашања, а и неколку директори на економски институции, Развојната банка, Управа за јавни приходи итн. каде што од прилика ги димензионираме одредени пакети, но сето тоа Владата го преговара.

Владата разговара прво со своите партнери, мислам и на коалициони, но и на партнерите како синдикатите и коморите, разговара и со банките. Ние сме во преговори со банките и затоа и секоја мерка мора да биде усогласена заедно со банките од коишто бараме поволни и евтини кредити, затоа што не смееме да дозволиме да бидеме надвор од ваквиот преговарачки процес, затоа што со Светска банка имаме одлична соработка, со ММФ се разговара за следен договор за кредит, а исто така чекаме позитивни одлуки околу обезбедувањето на еврообврзницата во државата.
Но Владата штом ќе биде подготвена верувам дека ќе ги објави мерките. За мене се сеуште на ниво на шпекулации, еве како еден од најинформираните тоа што спомнавте 10 илјади денари па кои луѓе, какви луѓе.
Верувајте може да има еден амбиент точно кои, но ММФ со своите стручни служби или Светска банка да кажат извинете, ама во светот покажало тоа и тоа резултат, тоа треба да биде таму и таму насочено. Затоа досега е само на ниво на дебата тоа, а на крајот Владата е таа што ќе ги донесе одлуките и ќе ги соопшти.
Јас се сметам како претседател на најголемата политичка партија, чинител во извршната власт дека давам доволно придонес заедно со нашите органи и тела и сите наши коалициони партнери во димензионирањето на максимално добри мерки за рестарт или за заживување на економијата, односно да го искористиме периодот дека секоја криза може да биде и нова можност но и дополнително навремено да се димензионираат и почнат да се ефектираат следните пакети на мерки.“, одговори Заев на новинарското прашање на денешната прес-конференција.
Next Post

МНР упати извинување до граѓаните на Србија, БиХ и Црна Гора и Хрватска за грешката со поштенската марка

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk