ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Османи: Државата треба да изготви мерки за верски обреди, а верските заедници да ги почитуваат

Бујар Османи, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, денес од Струга истакна дека мора да се изнајде начин како да се овозможи пректикување на верските обреди, но и да се внимава на здравјето, водејќи се по препораките на институциите.

May 10, 2020 14:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид-19 денеска од Струга истакна дека државата се обидува да изнајде начин да се врати состојбата во општеството во некаква нова нормалност, а истовремено да им се овозможи на верниците да ги практикуват своите потреби, притоа почитувајќи ги мерките за заштита.

Османи после средбата со претставниците на Кризниот штаб во општина Струга на која присуствуваа и градоначалникот Рамиз Мерко, како и претставници на поголемите верски заедници укажа на потребата да престанат нападите врз верските заедници во вонредната ситуација наметната од епидемијата на коронавирусот.

За неодамна одржаната Литија во Струга Османи рече дека се работи за настан што наизглед бил индиректна закана за државната стратегија за борба против пандемијата, со можности за ризикување на здравјето на верниците кои учествуваа, но и колективното здравје и политиките за што побрзо излегување од состојбата.

– Тука не сме за да идентификуваме одговорност, тоа го прават други институции, тука сме да разговараме како да се вратиме во новата нормалност што полека треба да ја постигнеме после пандемијата. Истовремено да го зачуваме здравјето, а да овозможиме на верниците да ги обавуваат своите обреди, рече Османи

Тој нагласи дека тоа не е лесно бидејќи групирањето, зближувањето се суштина на верските обреди, што пак е дијаметрално спротивно на мерките против коронавирусот, но истовремено укажувајќи дека мора да се изнајде начин како да се овозможи пректикување на верските обреди, но и да се внимава на здравјето, водејќи се по препораките на институциите.

– Верниците не се криминалци, нивната потреба за враќање на врската со верата не е криминал. Државата е должна да изготви сет мерки, а верските заедници да ги почитуваат. Можеби требало подобра координација на верските заедници со државата во време кога беа носени одредени одлуки, но реалноста сега е таква, одлуката е донесена како да се адаптираме на оваа ситуација. Моја должност е да бидам во блиска соработка со сите верски заедници, за да може да го штитиме здравјето на луѓето во текот на верските обреди, рече Османи, нагласувајќи ја потребата од почитување на мерките, координираност на сите чинители во општеството со што би се елиминирале какви било перцепции за постоење некакво верско ривалство во мерките.

Што се однесува на очекувањата за намалување на рестриктивните мерки, тој појасни дека одлуката ќе се носи согласно прецизно утврдени параметри, а не според некакви политички калкулации.

– Четиринаесет дена последователно со помалку од пет проценти позитивни случаи на коронавирус од бројот тестирани. Имавме ситуација 13 дена бројката позитивни од тестираните да биде под пет проценти, за потоа таа бројка да отстапи. Сега треба да се види дали тоа е моментално отстапување или тренд што трае, појасни Османи./МИА/

Next Post

Институт за македонски јазик: Македонскиот јазик е посебен, изданието од БАН е ненаучно и тенденциозно

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk