МИЦКОСКИ на лидерската средба упорно отворал други теми само за да не се зборува ни за Ковид ни за избори. Извори од лидерската брифираат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на средбата започнал со обид да ја одолговлекува расправата и да отвора теми кои не биле на дневниот ред.
ВО КАБИНЕТОТ на претседателот Стево Пендаровски почна лидерската средба за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19.
ЗГРОЗЕН сум од Наќе Чулев. Згрозен како човек затоа што станува збор за човек, кој очигледно има мисија да направи целосна девастација на правниот систем во нашата држава. Ова денеска го изјави градоначалникот на Град Скопје,
ВО ВОНРЕДНА состојба без Собрание многу прашања остануваат отворени. Како Влада покажавме дека не сакаме да бидеме Влада без демократска контрола, напротив дека посакуваме час поскоро да се вратиме во таа демократска нормала, ако животот, очигледно, треба подолго време да ни биде променет.
РАБОТНО се ангажирани 50 невработени лица од ранливи категории во 11 оштини како даватели на комунални услуги во услови на КОВИД-19, истакна дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ.
ПРЕД нас е стабилен период во кој епидемијата е под контрола. Рестриктивните мерки што ги презедовме дадоа резултати и здравствениот систем е во можност да менаџира. Трендот на намалување на случаи продолжува, иако изминатите неколку денови имаше варијација и зголемен број случаи, вели министерот Филипче.
СПАСОВСКИ: Со медицинските сестри надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19 пореални и остварливи.
УТВРДЕНИ се 10 нови случаи позитивни на вирусот Ковид-19 од направени вкупно 198 тестови, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
ОД УТРЕ започнува скринингот на одредени категории на групи на граѓани за ковид-19, најави денеска Венко Филипче, министерот за здравство. Први на скринингот ќе бидат вработените во градинките. Станува збор за околу 2.000 лица.
ФИЛИПЧЕ: Предлагаме оваа недела отворање на молови, обложувалници, спортски центри, автошколи. По увид во новата епидемиолошка анализа би можело да се разгледува отворањето на угостителските објекти, а неделата потоа и игрите на среќа и спортовите во затворен простор’, изјави Филипче.
ТЕХНИЧКИОТ преглед на автобусот на компанијата Дурмо Турс, кој беше дел од големата сoобраќајна несреќа во близина на село Ласкарци, не бил реализиран според стандардните процедури.
БОЛНИЦА на организацијата „Лекари без граници“ била цел на напад во северен кварт од главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија од нивното Министерство за внатрешни работи.
Ј. Ѓорѓиоски