Продолжува трендот на опаѓање на бројот на заразени од Ковид-19. Од досега спроведени 19.430 тестирања, од почетокот на пандемијата кај нас, позитивни биле 1.674, а моментално има 377 активни случаи на корона вирус.
Денеска се регистрирани 5 оздравени пациенти и потврдени се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 6
Куманово – 2
Прилеп – 1
Велес – 1
На Инфективната клиника почина еден пациент од Делчево на 60-годишна возраст.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја, од почетокот изнесува 1.674, оздравени 1.205, починати 92 и активни пациенти во овој момент 377 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 19.430 тестирања на Ковид-19.
А. Н. С.