ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Голем процент од кумановските судии донирале дел од априлската плата на фондот за справување со Ковид-19

May 13, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Две третини од судиите од Основниот Суд Куманово донираа на сметките на Министерството за здравство. Како што информираа денеска надлежните од судот, собрани се 240.000 денари кои се уплатени на сметките на Министерството за здравство, со што кумановските судии даваат  поддршка  во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.

Претседателката на кумановскиот суд, Снежана Манев информираше дека од 23 судии, до денеска донирале 17, кои доставиле докази за уплата во солидарните фондови од нивната априлска плата.

-Донациите се движат од 20 до 50 проценти од судиската плата. Околу 240.000 денари веќе донирале судиите од Основен суд Куманово. Тоа се две третини од судиите, очекуваме дополнителен број на судии и се надевам дека ќе одговорат сите, затоа што ова прашање нам ни е многу важно, изјави претседателката на кумановскиот Суд..

Таа појаснува дека и подружницата на Здружението на судии на Основен Суд Куманово, ја поддржала иницијативата на Здружението на судии на Уставниот суд, со времена мерка  да се поништи Уредбата со која судиите требаше да бидат сведени на минималец.

– Сметам за потребно да објаснам, без разлика на ставот на јавноста, на која бевме мета изминатиов период дека судиите се солидарни и одговорни за состојбата со која се соочивме поради пандемијата. Мора да потенцирам и да објаснам дека судиите не е дека не се солидарни или не сакаат да донираат, во прашање е принцип, владеење на право, за кое сите се залагаме. Во прашање е законска и уставна одредба, ставот на Венецијанската комисија и препорака дека независноста на судиите произлегува меѓу другото и  од економска независност. Затоа, ние одлучивме да ја поддржиме иницијативата, но од друга страна на ниво на здружение се договоривме да донираме, што и го напраивме, изјави Манев./МИА/

Next Post

Николовски: Мицкоски инсистираше на теренска кампања, не е точно дека само Заев бил за избори во јуни или јули

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk