ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Србија во текот на пандемијата работа изгубиле околу 200 илјади луѓе

May 13, 2020 15:21
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија околу 200.000 лица или осум проценти од вработените, вклучително и неформално вработените и самовработените, во февруари ги загубиле своите работни места за време на пандемијата на коронавирусот и вонредната состојба. Тоа го оценка од истражување на SeConS група за развојна иницијатива со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт.

Како што беше соопштено, најголем товар, но и најголемиот ризик за време на кризата го сносат жени, кои сочинуваат дури 86 проценти од вработените „на првата линија на заразата“.

Зголемен обем на работа во домаќинството и грижа за членовите на семејството, исто така, остана кај жените (во 70 отсто од домаќинствата), кои ги извршувале тие работи претежно дури и пред кризата.

Истражувањето покажа дека вработените во Србија добро се вклопуваат во работата од дома: околу една четвртина од вработените (24,7 проценти) се префрлиле на работа од дома, 90 отсто од нив имаат соодветни средства за работа додека само 15 отсто што работеле од дома биле помалку ефикасни од вообичаеното.

„Две третини од испитаниците се загрижени за здравствените ризици, 35,6 проценти од нив се загрижени за претстојната економска криза во Србија, 16,2 отсто изразија загриженост за потенцијалното влошување на состојбата на слободите, зајакнување на репресијата и авторитарната власт“.

Истражувањето беше спроведено  на репрезентативен примерок од 1.600 лица вработени во февруари 2020 година, јави Бета.

За речиси половина од оние кои ги загубиле работните места, причината е отказ поради прекинување на работата на компанијата (46,2 проценти), а на петтина од вкупниот број (20,5 проценти) не им бил понуден нов договор, откако истекол претходниот.

Во повеќето други случаи, вработените биле принудени да си дадат оставки затоа што во вонредна состојба, укинување на јавниот превоз, затворање на градинки и училишта и прекинување на услугите за социјална помош за стари лица, тие не можеле да се организираат да одат на работа и да преземат зголемени одговорности за грижата за членовите на семејството.

Најтешко погодени од загуби на работните места се вработените во приватни компании, во угостителството, трговијата, градежништвото, самовработените, неформално вработените, како и оние кои работеле со договори за определено време./МИА/

Next Post

Меркел сака целосно укинување на граничните контроли во Шенген од 15 јуни

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk