Лидерот на СДСМ после лидерската средба истакна дека ќе мора да научиме да живееме со корона вирусот. Тој истакна дека затоа мора да се искористи првиот момент кога ќе се создадат услови за одржување на Парламентарни избори.
„Водењето грижа за здравјето на граѓаните е обврска на сите институции и тие час поскоро треба да ги ставиме во функција. Ни требаат Парламент и политичка Влада којашто ќе носи одговорност. Затоа на избори треба да одиме во првиот можен момент.
Здравје е за граѓаните ако сите институции 100% функционираат!“, напиша Заев на Фејсбук.