ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски се плаши од пораз, знае дека граѓаните ќе го казнат неговото неодговорно однесување

Колку и да се обидуваат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да се спасат од соочување со граѓаните и од извесниот изборен пораз што ги чека. 

May 13, 2020 09:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе е јасно како бел ден. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидуваат да избегаат од избори со цел да го пролонгираат денот кога ќе доживеат уште еден изборен пораз, стои во соопштението на СДСМ на официјалната страна на партијата.

Нивните лажни политики кои не нудат перспектива, туку враќање на криминалот, корупцијата и безредието ќе бидат казнети, затоа што граѓаните добро знаат што можат да понудат извршителите на бегалецот од Будимпешта, Никола Груевски.

Граѓаните никогаш нема да го заборават режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ базирано на лаги и конфликти и нема да го заборават деструктивното однесување на Мицкоски во време на криза.

Граѓаните паметат и како Мицкоски лажеше дека нема тестови, како се закануваше со кривични пријави против министерот Венко Филипче, како во време во пандемија вежбаше во теретана додека нивното работење беше забрането. Оттука е неговиот страв од пораз на изборите.

Колку и да се обидуваат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да се спасат од соочување со граѓаните и од извесниот изборен пораз што ги чека.

Затоа со секој нов ден измислуваат нови предуслови, бараат лидерски средби, а бегаат од одлука за изборен датум, бараат алиби поради стравот од казната на граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од брзи избори од декември, но овој пат ќе мора да се соочат со одлуката на граѓаните.

Република Северна Македонија мора да го искористи првиот момент, кога тоа ќе го дозволи здравствената ситуација, и да оди на парламентарни избори.

Веднаш потоа  мора да продолжиме со успешно и ефикасно справување со последиците од здравствената криза и да обезбедиме економски развој и напредок.

Мицкоски ќе замине во историјата како политичар кој не се огради и го штитеше криминалот и корупцијата на неговиот ментор Никола Груевски, пишуваат од Социјалдемократскиот Сојуз.

Next Post

Шекеринска: Потпишавме Протокол за донација од Норвешка во вредност од 100.000 евра

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk