ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Град Скопје: Времето кога граѓаните за 3 врби во Вардар плаќаа 220 илјади евра е одамна поминато

Граѓаните на Скопје секојдневно овој простор го гледаат и го користат. Тоа што му пречи на ВМРО ДПМНЕ е фактот што граѓаните го одобруваат вака уредениот простор, но и уживаат во него, при тоа правејќи споредба што значи квалитет на јавен простор сега, а што и какво беше лудилото со јавниот простор во минатото, велат од општината.

May 14, 2020 13:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со големо жалење мораме да констатираме дека ВМРО ДПМНЕ и нивната советничка група во Град Скопје не знаат да разликуваат основни работи (тревник од плочник), па од тие причини излегуваат на прес-конференции со небулозни тврдења, пишува во соопштението од град Скопје.

Со ова уште еднаш ја известуваме јавноста, а истовремено го демантираме небулозното тврдење на ВМРО ДПМНЕ, дека не тревата, туку поплочувањето и уредувањето на јавниот простор на излезот од ГТЦ до Плоштад Македонија, поплочувањето и уредувањето на јавниот простор од Плоштад Македонија кон Собрание на РСМ, заедно со урбаната опрема што се состои од клупи, канти за отпадоци, целосно ново осветлување на овој простор (канделабри), како и дрворед составен од 25 дрвја е тоа што чини 33 милиони денари со вклучен ДДВ. Се што е направено на терен и потрошена сума, впрочем, беше и претходно најавено на прес-конференцијата што се одржа на 30 септември 2019 година.

Впрочем, граѓаните на Скопје секојдневно овој простор го гледаат и го користат. Тоа што му пречи на ВМРО ДПМНЕ е фактот што граѓаните го одобруваат вака уредениот простор, но и уживаат во него, при тоа правејќи споредба што значи квалитет на јавен простор сега, а што и какво беше лудилото со јавниот простор во минатото, велат од општината.

Времето кога граѓаните за 3 врби во Реката Вардар плаќаа 220 илјади евра е одамна поминато. Тоа на сите им е јасно. Јасно му е и на ВМРО ДПМНЕ, па токму заради таа своја немоќ се служат со лаги и невистинити небулози. Граѓаните на Скопје препознаваат дека овој градоначалник за само 2 и пол години покажа дека може да се биде различен. Да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните, да се биде транспарентен, отворен, а истовремено и штедлив при работењето со јавните пари.

Убедени сме дека сите (а особено ВМРО ДПМНЕ) се свесни дека се тотални аутсајдери во Град Скопје. Ние ќе продолжиме чекор по чекор да ги решаваме наталожени проблеми останати од нивното лудило, а тие слободно можат да продолжат да се занимаваат со небулози, лаги и да креираат лажни вести, пишуваат од град Скопје.

Next Post

Онлајн одбележување на Меѓународниот ден на музеите

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk