ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

18: Уште 14 дена вонредна состојба, вработени во „АД Пошта“ проневериле 25.000 евра, најавени високи температури…

Преглед на настаните во 18,00 часот.

May 15, 2020 18:16
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со ковид-19. Како причина за тоа ги наведе спроведување на економско-социјалните мерки. По прогласувањето на вонредна состојба во времетраење од 14 дена, потенцира дека тоа е потребно за справување со економските последици и опфаќање на здравствените препораки.

СДСМ излезе со соопштение на својата официјална страна по прес конференцијата на Костадин Костадинов, на која уште еднаш беа појаснети целите и плановите на СДСМ за контролата врз пандемијата и опозициските ставови во пресрет на најавените предвремени избори.

НА 30-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата беа разгледани повеќе прашања во врска со постапувањето на комисијата.

АНГЕЛОВСКА: Со донесениот ребаланс на Буџетот, 82 милиони евра се предвидени за програми за Ковид-19, а кои ќе бидат насочен и преку разни програми за стимулирање на приватната потрошувачка, за поддршка на домашната економија и за приватниот сектор.

РЕБАЛАНСОТ на Буџетот за 2020 година што Владата го донесе вчера на седница е за опоравување и рестар на економијата во услови на Ковид-19, оцени министерката Ангеловска.

ЕДИНИЦАТА за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица, вработени во АД „Пошта на Северна Македонија”, подружница Чаир, заради постоење основано сомнение дека  сториле кривични дела – проневера во службата и фалсификување службена исправа.

ПРИЛЕПСКИОТ кризен штаб денеска ја разгледа ситуацијата со заразата од корона вирусот. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, градот има три нови случаи на заразени, а двајца новооздравени.

РЕКОРДНИ високи температури во Грција, највисоки во последните децении за месец мај, се очекуваат во текот на викендот, а во одредени делови од земјата, според предвидувањата на метеоролошкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, ќе бидат и над 40 степени.

ГРЧКАТА Агенција за цивилно воздухопловство преку издадените нови упатства за воздушниот сообраќај, најави продолжување на мерката за привремена забрана за летови од и кон Грција за седум земји, меѓу кои и Северна Македонија.

СОБРАНИЕТО на новинари на италијанската новинска агенција АНСА денеска одлучи да стапи во дводневен штрајк поради планот за намалување на бројот на вработените во агенцијата, што беше предложен од раководството како мерка за закрепнување поради намалените приходи на агенцијата како резултат на пандемијата на Ковид-19.

КИНА е подготвена да стави американски компании на „список на несигурни правни лица“, како дел од одговорот на одлуката на Вашингтон за блокирање на испораките на полупроводници за Хуавеи.

ПОГБА ги има апсолутно сите квалитети потребни за да се биде најдобар фудбалер на светот, вели неговиот соиграч во Манчестер Јунајтед – Лук Шо.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче – Кикилиас: Потребен е брз проток на границите и достапни здравствени услуги во земјите во текот на престојот

НАЈНОВО

Фото: СФМ

Јашари ја освои петтата титула во снукер

October 6, 2025
Скриншот

Новиот француски премиер Лекорну поднесе оставка пред да го претстави својот кабинет

October 6, 2025

Герасимовски: Поставуваме три Free Wi-Fi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk