ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Јованоски: Нема нови жаришта во Прилеп, но мерките за претпазливост остануваат

Јованоски децидно ги отфла секаквите паушални, тенденциозни изјави за нови жаришта во градот.

May 15, 2020 14:41
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепскиот кризен штаб денеска ја разгледа ситуацијата со заразата од корона вирусот. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, градот има три нови случаи на заразени, а двајца новооздравени.

-Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани три нови случаи на заразени со коронавирус и два оздравени. Во моментов на инфективното оддление во градската болница, се хоспитализирани 21 пациент, од нив позитивни се 16, а за пет се чека резултат. Триесет и шест граѓани се на домашно лекување. Вкупно, од почетокот на пандемијата,193 наши сограѓани се заразиле со коронавирусот, од нив 63 се активни случаи, а се оздравени 118 лица и има12 смртни случаи. Вкупната бројка на извршени тестови изнесува 906, изјави Јованоски.

Јованоски децидно ги отфла секаквите паушални, тенденциозни изјави за нови жаришта во градот.

-Никој нема право, да стигматизира и да дискриминира една етничка заедница, дека токму тие се најпогодени од коронавирусот, во случајот Ромите од населбата Тризла. Сакам да потенцирам од болеста подеднакво се погодени граѓаните од сите етнички заедници: Македонци, Роми, Турци и останатите, изјави Јованоски.

Прилеп продолжува со спроведувањето мерки за заштита на колективното здравје на граѓаните. наредниов викенд градот ја продолжува акцијата за дезинфекција на улиците, јавните површини и на зградите во градот.

Јованоски информира дека комплетно е завршена постапката за субвенционирање на инвертор клими и за набавка на велосипеди.

-Во текот на следната недела, Општината на трансакционите сметки на сите граѓани кои ги исполниле условите на Јавниот повик, ќе им ги префрли средставата за набавените клими и велосипедите. Во текот на наредната недела, ќе ја распределиме донацијата од 100 таблет- компјутери, кои тетовското семејство Дестани преку компанијата „Еколог“, ги донираше за учениците од социјално загрозените семејства од Прилеп, рече Јованоски.

Јованоски ја нагласи пораката до граѓаните да се придржуваат до мерките и препораките на Владата, на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести и да не се злоупотребува олабавувањето на мерките.  Јованоски со порака до граѓани од над 67-годишна возраст, особено оние со хронични болести, и покрај олабавувањето на мерките, што помалку да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се заштитат себеси и своите семејства.

Next Post

ДКСК ќе постапува по добиените информации за Ден Дончев, за примање на средства додека ја вршел јавната функција

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk