ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со ребалансот, 82 милиони евра за Ковид програми и за поддршка на потрошувачката и економијата

Предвидени се 600 милиони на програма КОВИД во Министерство за економија наменети за поддршка на приватната потрошувачка на граѓаните и поддршка на домашниот туристички сектор.

May 15, 2020 15:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со донесениот ребаланс на Буџетот, 82 милиони евра се предвидени за програми за Ковид-19, а кои ќе бидат насочен и преку разни програми за стимулирање на приватната потрошувачка, за поддршка на домашната економија и за приватниот сектор.

– Со оглед дека расходите се зголемени за 53 милиони евра, а вкупните алокации на  КОВИД програмите кај неколку буџетски корисници се во износ од 82 милиони евра, разликата од околу 30 милиони евра е резултат на кратења од сите буџетски корисници, а во голем дел како резултат на антикризните мерки во насока на забрана за непродуктивни трошења  како набавка на мебел, опрема и возила, односно се што суштински и директно не е поврзано со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, рече министерката на прес-конференцијата.

Како што појасни три милијарди денари или 50 милиони евра на КОВИД програмата во Влада за спроведување на таргетирани мерки за стимулирање на приватната потрошувачка на граѓаните со фокус на домашната економијата и поддршка на приватниот сектор и на работниците во фазата на опоравување на економијата. Со ова, според неа, вкупно на КОВИД програмата во Владата има 8,9 милијарди денари или околу 150 милиони евра.

Предвидени се 600 милиони на програма КОВИД во Министерство за економија наменети за мерки за поддршка на приватната потрошувачка на граѓаните и поддршка на домашниот туристички сектор со постојните 95 милиони кои беа реалоцирани со одлуката за прераспределбата и сега оваа програма изнесува околу 12 милиони евра.

Триста и 50 милиони денари се за социјална заштита поврзано со ефектите од Ковид-19, 350 милиони денари за Фондот за здравство во рамки со антикризните мерки за зголемените потреби како резултат на КОВИД, финансирање на здравствено осигурување за ранливи групи, 300 милиони денари за Министерство за здравство за зајакнување на здравствените капацитети за откривање на болести преку обезбедување на техничка експертиза, лабораториска опрема и системи за откривање случаи во согласност со упатствата на СЗО и операционализација на дополнителни легла, 350 милиони денари во Министерство за образование на КОВИД програмата со цел поддршка на младите и студентите со фокус кон ИТ и дигитални вештини  и целата програма изнесува 405 милиони денари со напревени одредени реалокации од буџетот на МОН, 150 милиони денари за исплата на надомест за невработеност во Агенцијата за вработување и 60 милиони денари за национално кофинансирање за нова кредитна линија за фазата на опоравување и рестарт на македонската економија која ќе се спроведува преку Развојната банка на Северна Македонија, а со поддршка и средства од Европската Унија и кои би биле достапни од септември.

Министерката и заменик-министерката Елези посочија дека Владата ќе излезе и поконкретно ќе ги презентира мерките.

– Целта е вбризгување на средства за опоравување на економијата, за приватната и јавната потрошувачка.Пакетите ќе се реализираат преку министерствата и дали преку кредитни картички, ваучери или друг модел ќе соопшти Владата, рече Елези во одговор на новинарско прашање./МИА/

Next Post

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk