Во СООПШТЕНИЕ на официјалната страна на Социјалдемократскиот сојуз набројани се досегашните економски мерки, нивната ефикасност и најавениот трет сет кој ќе биде подолгорочен и ќе опфати повеќе цели.
МИНИСТЕРКАТА за финансии Нина Ангеловска и претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски потпишаа договор за 16 милиони долари поддршка за aктивности на централната и локалната власт за искористување и успешно управување со финансиските ресурси и спроведување на механизми за отчетност.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на државата, Стево Пендаровски, упати честитка по повод Денот на отпорoт на Ромите против нацистите во Втората светска војна и порача дека денес, во современото демократско општество, нема простор за кршење на човековите права, антициганизмот и дискриминацијата.
СОПРУГАТА на претседателот на државата, Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска која неуморно е ангажирана во хуманитарни акции заедно со тимот до канцеларијата МладиХаб, продолжуваат со активностите за помош на семејства на кои тоа им е најпотребно.
Во TEKOT на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 64 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 49 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
ФИТР достави до Владата нов инструмент за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД опкружувањето, наменет е за економско заздравување на домашните компании во посткризната фаза, нивно брзо прилагодување кон новонастанатите пазарни услови и брз развој.
ПОЛИЦИЈАТА информира дека починал работник со иницијали Б.С (51) од тетовско село, кој се повредил при работа во фабрика во Скопје.
КРЕДИТНИТЕ агенции „Фич“ и „Стандард и Пурс“ го потврдија уште еднаш кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија.
ПРЕТСТАВАТА „Кандид во земјата на чудата“ по текст на Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски ќе биде прикажана на Јутјуб каналот на Драмски театар Скопје.
АДМИНИСТРАЦИЈАТА на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена за делумно враќање на финансирањето за Светската здравствена организација (СЗО).