ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

16 милиони долари од УСАИД за поголема економска конкурентност, антикорупција и иницијативи за млади

Нашата заедничка цел е просперитетна, инклузивна и самоодржлива Северна Македонија, рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Бирнз.

May 16, 2020 11:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска и претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски потпишаа договор за 16 милиони долари поддршка за aктивности на централната и локалната власт за искористување и успешно управување со финансиските ресурси и спроведување на механизми за отчетност.

Дел од средствата се наменети и за поддршка на работата на Државната изборна комисија во спроведување на слободни и фер избори, следење на финансирањето и трошењето на политичките партии за време на изборите, конструктивно вклучување на граѓанските организации во јавните политики и практики за поголема отчетност и владеење на правото, како и на Министерството за образование и наука за да промовира меѓуетничка кохезија и граѓанска култура кај децата и младите и законската рамка за производство на обновлива енергија, за да помогне да се зголемат инвестициите во домашно производство на електрична енергија, да се намали зависноста од увоз на енергија и да се овозможи одржлив енергетски систем.

Го цениме проширувањето на партнерството со Соединетите Американски Држави и залагањето за постигнување заеднички цели“, изјави министерката Ангеловска.

Овој договор е доказ за нашето партнерство, сега и од позицијата на НАТО созјузници. Оваа соработка за нас е од големо значење, особено во новото глобално окружување креирано од Covid-19 на кое треба да одговориме и да продолжиме со прогресот и нашиот пат кон Европската  Унија,  рече Ангеловска.

Нашата заедничка цел е просперитетна, инклузивна и самоодржлива Северна Македонија“, рече амбасадорката Кејт Мари Бирнз. Со борба против корупцијата, создавање можности за младите и поддршка на економскиот развој, ние се обидуваме да ѝ помогнеме на Северна Македонија да го постигне својот потенцијал како просперитетна европска земја целосно интегрирана во трансатлантските институции, додава Бирнз.

Соединетите Американски Држави имаат инвестирано повеќе од 1,2 милијарди американски долари во Северна Македонија од 1993 година до сега, вклучително и над 830 милиони американски долари преку УСАИД.

Next Post

ФИТР креираше нов инструмент за економско заздравување по корона кризата

Најново

Кочоска Димитриевска: Десетина големи европски држави ќе банкротираат, ние добиваме пофалби од ММФ и Светска банка

April 30, 2026

СДА Македонија: Власта ја претвора државата во „црна дупка“, укинувањето на техничката влада е вовед во авторитарно владеење

April 30, 2026

Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

April 30, 2026

Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

April 30, 2026

Македонските ученици од СТЕМ Академија освоија пет награди на меѓународниот натпревар по роботика во Атина

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk