ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ФИТР креираше нов инструмент за економско заздравување по корона кризата

Новата мерка е подготвена во консултации со повеќе стопански комори и бизнис асоцијации во земјата, а обезбедена е првична согласност и од Светската Банка, како клучен финансиски партнер на Фондот.

May 16, 2020 11:49
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) достави до Владата нов инструмент за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД опкружувањето, со почетен вкупен буџет од 200 милиони денари. Наменет е за економско заздравување на домашните компании во посткризната фаза, нивно брзо прилагодување кон новонастанатите пазарни услови и брз развој.

Со оваа мерка, како што соопшти денеска ФИТР, во првично одобрениот износ се очекува да бидат опфатени помеѓу 180 и 200 домашни компании.

Новата мерка е подготвена во консултации со повеќе стопански комори и бизнис асоцијации во земјата, а обезбедена е првична согласност и од Светската Банка, како клучен финансиски партнер на Фондот.

Фокусот на мерката е брза реорганизација и воведување на дигитални системи и алатки со цел прилагодување кон новите услови на функционирање, подобрување на организационата структура, реорганизација на работните процеси со цел зголемена продуктивност, прифаќање и воведување на насоки за заштита на вработените и клиентите поврзани со КОВИД кризата, како и воведување нови производи или услуги за кои постои зголемена побарувачка во новонастанатите пазарни услови.

Предвидени се и скратени рокови за аплицирање, пократко времетраење на проектите – најмногу до шест месеци, како и соодветно прилагодени износи за кофинансирање.

Финансиската поддршка е прилагодена кон големината на компаниите. Микро претпријатијата би можеле да добијат најмногу до 750.000 денари, малите претпријатија до 1.500.000 денари, а за максималниот износ до 3.000.000 денари може да аплицираат претпријатијата со средна големина. Компаниите се обврзани да обезбедат најмалку 30 проценти сопствени средства за учество во инвестициите.

Од Фондот за иновации и технолошки развој истакнуваат дека со оваа мерка воведуваат иновативен механизам на финансирање, преку кој се доделуваат средства со поврат од 15 проценти од бруто добивката остварена во првите три години по завршување на проектот. Домашните компании немаат обврска да обезбедат гаранции за добивање на финансиска поддршка. Користењето на средствата од Фондот, како и досега, ќе биде предмет на мониторинг од страна на реномирани странски ревизорски куќи, ангажирани од страна на Фондот.

По завршување на владините процедури, ќе следи јавен повик за доделување на финансиска поддршка. Новиот инструмент е дел од пакетот мерки за ублажување на економските последици од корона кризата, а според најавата од ФИТР веќе се во подготовка и нови иницијативи./MИА/

Next Post

12: Поддршка од УСАИД со 16 милиони долари, инструмент на ФИТР за технолошки развој, потврден кредитниот рејтинг...

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk