Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, на Тв24, за случајот во Струмица: „Тој извештај е завршен и констатирани се пропусти во работењето на полициски службеници кои постапувале затоа што македонската јавност имаше можност да биде запознаена дека случајот започна со прекршување на полицискиот час за да на крај заврши со упад во магацин за којшто полициските службеници по извештајот немале налог од ЈО, тоа е сериозно прекршување.
Овој извештај е доставен до ОЈО за организиран криминал, до одделението коешто ги следи, истражува кривични дела кои ги прават полициски службеници, и веќе е отпочната истрага односно е дадена наредба за ова, вели заменик министерката Петровска на Тв24.