ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предлогот од Комисијата за заразни болести на Владата за целосен полициски час за време на продолжениот викенд, а Исламската верска заедница пред неколку дена ја информирала Владата и Комисијата за заразни болести дека нема да почитува евентуален полициски час за време на Рамазан Бајрам.
НА 31 мај истекува рокот за потврдување или коригирање на Годишната даночна пријава. По истекот на овој рок, Годишните даночни пријави ќе бидат конечни.
ПО двомесечното неработење на угостителските објекти поради пандемијата со Ковид-19 и најавите на Владата за можноста за нивно отворање, угостителите конечно почнаа со припремите за отворање на своите објекти.
ПРИВЕДЕНИ 30 лица од 38 кои не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во државава. За осум лица ќе следуваат соодветни мерки.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје.
ЗЕМЈОТРЕСОТ со епицентар 760 километри јужно од Скопје, во Средоземно Море, со локална Рихтерова магнитуда 5,8 е почувствуван и кај нас во 00,43 часот, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
ВО судир на две возила, на регионален патен правец Мавови Анови – Дебар потешко повредено е едно лице.
ЦРНА ГОРА денес го одбележува Денот на независноста.
ШВЕДСКА ги надмина Обединетото Кралство и Белгија во бројот на смртни случаи по глава на жител заради избегнувањето да воведе строги мерски во време на пандемија, се вели во текст на Yahoo News.
И.Е.