ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Предлог од КЗБ за 58-часовен карантин за викендов, според надлежните мерката ќе има ефект

Причината, според министерот за здравство Венко Филипче, се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани, а зголемениот број новозаразени со Ковид-19 е поради настаните и семејните собири што се случувале изминатите денови.

May 21, 2020 08:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Полицискиот час за претстојниот викенд кој е продолжен со два празника, според предлогот на Комисијата за заразни болести треба да почне в сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник. Овој предлог Комисијата го достави вчера до Владата.

Причината, според министерот за здравство Венко Филипче, се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани, а зголемениот број новозаразени со Ковид-19 е поради настаните и семејните собири што се случувале изминатите денови. Надлежните сметаат дека со ваква ригорозна мерка ќе се постигне вистински ефект.

Министерот Филипче на вчерашната прес-конференција посочи дека сите други ослободувања од рестрикциите, што беа најавени за крајот на оваа недела, ги оставиле за почетокот на следната недела. По викендот, од вторник, Владата ќе одлучува за функционирањето на угостителските објекти и евентуално скратување на полицискиот час.

Со новорегистрираните 19, вкупниот број на активни случаи заразени со корона вирус во земјава изнесува 381. Вчера се регистрирани 16 оздравени пациенти, а починати се четири лица. Во ГОБ „8 септември“ починала пациентка од Скопје на 65-годишна возраст примена на 11 мај, 71-годишен пациент од Скопје , хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово на 73 години во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 41-годишен пациент од Прилеп кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, а на починати е 110.

Во рамки на скринингот во градинките беа направени 223 теста, и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработени во градинките, само еден е позитивен на Ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ вкупно се хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се двајца, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани осум, на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19./МИА/

Next Post

09: Зголемен паркинг капацитетот на Клинички, предлог за 58-часовен полициски час, ваучери за ИТ обуки за лица до 29 години...

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk