МИНИСТЕРОТ Чулев за твредењата на Мицкоски и Николовски вели дека нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. А за контролата во магацинот на семејството Заеви, министерот Чулев истакна дека има административни пропусти.
ХРИСТИЈАН Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со теретана, пишува во соопштението на СДСМ. Не само што праќал пораки, туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај.
МЕЃУНАРОДНАТА награда „Сино знаме“ оваа година ја добија 497 грчки плажи, 14 марини и шест туристички јахти, со што Грција е втора во светот меѓу 47 држави.
СУГАРЕСКИ-Китанов: Три ленти по целата должина на патот Фариш-Прилеп за околу една година. Секаде каде што се две ленти, ќе има изградба на трета лента. Тендерот за реконструкција на патниот правец Фариш-Прилеп е завршен и наскоро ќе отпоче да се работи. За рок од една година целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патот од тука до Прилеп и по целата должина ќе биде со три ленти, истакна Китанов.
МАЈКИТЕ кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни. Се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа, соопшти МТСП.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство Скопје денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно четири лица, осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.
ЦАРОВСКА, Милевски и Павлески во Конче: Имаме многу места со голем туристички потенцијал, инвестираме во локален економски развој.
ИНВЕСТИЦИИ од речиси 14 милиони евра ќе реализираат домашните компании на јавниот повик за Технолошки развој на Фонд за иновации и технолошки развој, по редовна и скратена постапка, 69 компании вложуваат во технолошки развој околу 10 милиони евра сопствени средства, додека делот на ко-финансирање на ФИТР е над 4 милиони евра. Со овој модел на финансирање на секое 1 евро јавни средства, компаниите вложуваат по 2.2 евра од приватни извори.
ЗДРУЖЕНИЕТО „Проект среќа“ како дел од проектот за реконструкција и градење на домови на семејства со деца, кои живеат во тешки и нехумани услови „Топол дом за сите“, во февруари почна со изградба на куќа на семејството Симоновски од Ѓорче Петров, Скопје – самохран татко на пет мали деца.
ФРОНТЛАЈН прашува – Кој и зошто го блокира реализирањето на 90 милиони евра донација од Светска банка за здравствените институции?