Министерот за здравство Венко Филипче, претпладнево го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце.
Синоќа, првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор.
На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент. Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа, соопшти Министерството за здравство.