Фејсбук пост на Сашка Цветковска:
Молам аплауз за охрабрување за единствената девојка, млад лекар од тимот од ЈЗУ УК за Државна Кардиохирургија. Ај што е толку млада, а толку умница, па и убава ако сакате , таа е и активист за права на пациентите и подобри услови за младите лекари, се бори против корупција во здравството, не молчи, туку зборува затоа што вредно работи, дава големи лични жртви и е самодисиплинира и не трпи злоупотреби.
Едноставна е, прекрасна и сакам да ја знаете. Штета што во пиар текстовите вниманието го добија the usual suspsects (Жан Митрев и луѓето од Систина), Соња Граждани е и ко-основач на Клуб на Млади Лекари / Young Doctors Club во којшто со својот колега Никола Брзанов се борат за подобри права на младите лекари и студенти и се залагаат за систем без корупција. Ја немаат поддршката на ниту една партија, а богами ни симпатиите. Но, прогресот не може вечно да биде сопрен.
Времето на Соња и на оние како Соња доаѓа и тоа не може да се спречи. Во неа има енергија не само да лекува срца со тие чудесни раце, туку и свест и порив да го промени системот за да има таков во којшто таа и нејзините колеги нема да бидат спречени да спасуваат повеќе луѓе.
п.с. Ако во медумите има барем малку чувство за одговорност кон ова општество, ова се roll modells за општесство кое се грижи за своите млади, ова се личности кои заслужуваат простор и внимание во младинските емисии, а не оние безначајни инстаграм ѕвезди и разно разни измислени професии како инфлуенсери итн итн, си знаете шо мислам.