ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кориера дела Сера за коронавирусот: Победија посиромашните европски земји

May 24, 2020 11:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Три месеци од почетокот на кризата со коронавирусот во Европа, епидемиолошките податоци покажуваат дека помалку богатите земји во Европа ги „победија“ побогатите на Стариот континент, односно тие имаат помалку жртви од економски посилнните европски земји, пишува италијанскиот Кориере дела Сера, пренесува МИА.

Во написот под наслов „Коронавирусот во Европа: Зошто Романија, Бугарија, Албанија и Грција имаат помалку смртни случаи“, весникот вели дека „послабите држави“ имаат помалку жртви  од Ковид-19, бидејќи тие рано воведоа строги мерки.

Романија, Бугарија, Грција, Албанија, Унгарија и Словачка имаа многу помалку смртни случаи од Ковид-19 за разлика од „побогатиот дел“ на Европа како Франција, Германија, Швајцарија, Шведска, Белгија, Данска и Велика Британија, посочува весникот.

„Среќа? Можеби. Можеби помал број заразени луѓе заминаа во централна и источна Европа во клучните недели од јануари и февруари“, пишува Кориере дела Сера.
Но се потенцира и дека податоците укажуваат на тоа дека некои земји биле повеќе свесни за кревкоста на нивниот систем на здравствена заштита и затоа не ја потцениле ситуацијата на Шпанија и Италија, па одлучиле да применат строги правила уште во раната фаза.

Весникот укажува на 15 март како пример за разбирање на различните патеки по кои тргнаа двата дела на Европа – истокот и западот. Тогаш Италија веќе имаше 1.809 жртви на Ковид-19 и 24.000 заразени, во Шпанија имаше 294 смртни случаи и 7.988 заразени, Франција, трета земја меѓу најтешко погодените земји, пријави 127 смртни случаи од коронавирусот и 5.423 позитивни случаи, а „остатокот од Европа сметаше дека е речиси недопрен“.

„Многумина во остатокот на Европа премолчено се сомневаа дека епидемијата во јужна Европа е резултат на неорганизираноста во тие земји“, се вели во написот.

Според индексот на универзитетот Оксфорд, кој го следи и споредува одговорот на земјите ширум светот на Ковид-19  со поени од 1 до 100, што е за максимално затворање, Албанија имала 84, Словачка 71, Романија 67, Полска 60, Унгарија 59, Грција 57. Во побогатите земји ситуацијата беше поинаква, пишува италијанскиот весник, додавајќи дека Германија имала 37, Франција 50, Белгија 53, Велика Британија 11 и Швајцарија 46 поени.

Затегнувањето на мерките во Западна Европа дојде кон крајот на март, десет дена подоцна, кога веќе беше јасно дека епидемијата не е проблем само на Италија или Шпанија.

Сега веќе има знаци дека економски силните европски земји скапо ги чинеше потценувањето на ситуацијата, додека претпазливоста на посиромашните земји се исплатеше, се вели во текстот.

Исто така, се посочува дека, според веб-страницата „Ворлдеметерс“, Албанија има 11 смртни случаи од Ковид-19 на милиони жители, додека Велика Британија има 536, Грција има 16, а Белгија 795, Словачка пет жртви на милион жители и Франција 432.

Next Post

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски: Зоран Заев е спремен да гази по човечки трупови

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk