Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05). Оттаму велат дека ги очекуваат посетителите на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките:
– Носење маска при влез во З00 Скопје
– Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.
– Строго е забрането хранење и доближување до животните
– Отпадоците да се фрлаат во корпите
– Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта
– Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители
– Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.