ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ВИДЕО) Велосипедската протестна песна на демонстрантите против владата на Јанша, вирален хит на Балканот

Протестна песна против корупцијата, против злоупотребата на моќ, против насилството против граѓанките и граѓаните, против насилството кое истовремено е насочено и против демократијата и против различностите. Илјадници велосипедисти учествуваат на неделните протести на улиците на словенечката престолнина Љубљана и други градови против партијата која дојде на власт на 13 март 2020 г. Песната „10.000 велосипеди во Љубљана“ од групата „Прешерне мисли“, има верзии на словенечки и англиски јазик

May 25, 2020 16:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Една словенечка протестна песна, со блага мелодија некарактеристична за жанрот, стана вирален хит на Балканот, пишува „Глобал Војсис“.

Нејзините автори ја опишуваат песната како:

Протестна песна против корупцијата, против злоупотребата на моќ, против насилството против граѓанките и граѓаните, против насилството кое истовремено е насочено и против демократијата и против различностите.

Илјадници велосипедисти учествуваат на неделните протести на улиците на словенечката престолнина Љубљана и други градови против партијата која дојде на власт на 13 март 2020 г.

Песната „10.000 велосипеди во Љубљана“ од групата „Прешерне мисли“, има верзии на словенечки и англиски јазик, објавени на Јутјуб-каналот „Бајк Штрајк“ (Bajk Štrajk).

Владата на Република Словенија ја води контроверзниот премиер Јанез Јанша, кој се има вратено на политичката сцена по минати шест месеци во затвор во 2014 година заради правосилна пресуда за примање поткуп.

Неговата Словенечка Демократска Партија е дел од неформалната мрежа на илиберални популистички и про-автократски партии предводена од унгарската владеачка партија Фидес на Виктор Орбан.

Владата на премиерот Јанша објави нов „закон против Короната“ на 30 април, декларирајќи дека негова цел е да го заштити здравјето на граѓаните и „да ја врати економијата во живот – особено градежништвото“.

Арно ама, во законот владата има прокриумчарено и низа мерки кои се во спротивност со заштита на животната околина, предизвикувајќи протест од еколошки организации.

Според БрдЛајф интернешнал, меѓународна алијанса чија цел е заштита на птиците:

Овој нов закон е толку забеган, што беше побарано мислење од Уставниот суд на Словенија. Негови делови може директно да го нарушуваат и Словенечкиот устав и Архуската конвенција.

Протестната песна исто така се буни против создавањето идеолошки поделби меѓу народот преку сеење раздор и нетрпеливост од страна на владеачката партија, што вклучува и промоција на говор на омраза од страна на медиумите поврзани со неа.

Престанете да не делите на полoвина
Како со бразда
Десница или левица
Тој раздор ви служи како изговор

На 27 март „Репортери без граници“ и шест други организации кои се борат за слобода на медиумите предупредија дека словенечкиот истражувачки новинар Блаж Згага е цел на кампања на омраза поддржана од владата на социјалните мрежи и во медиумите.

Кампањата започнала откако Згага до властите во Љубљана поднел официјално барање за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со пандемијата Ковид-19.

Меѓународните и локални граѓански организации побараа од Европската Комисија  да стори сè што е во нејзина моќ за да ја гарантира безбедноста на Згага и да се погрижи дека словенечките власти со сета потребна сериозност ќе ги решат случаите на смртни закани и нападите врз новинарот.

Протестираме мирно
Со маски на нашите лица
Наспроти епидемијата
Треба да се каже гласно дека е доста (корупција).

Културен контекст и основи

Словенечката велосипедска протестна песна е верзија на песната „Девет милиони велосипеди“ (“Nine Million Bicycles”) напишана и продуцирана од Мајк Бат во 2005 година за грузиско-британската пејачка и кантавторка Кејти Мелуа.

Словенците исклучително се гордеат со нивното културно наследство, особено со јазикот и неговото изразување преку поезија и други видеови литература.

Името на групата „Прешерне мисли“ може да се преведе како „Храбри и добронамерни мисли“, а истовремено буди асоцијација со презимето на Франце Прешерн, почитуван поет од ХХ век чии дела се сметаат за европски класици, а некои од нив беа дел од наставата по литература низ цела бивша Југославија.

 

Next Post

Димитров-Сореиде: Норвешката помош го зајакна капацитетот на здравствениот систем во борбата со Ковид-19

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk