ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Уште четири текстилни работнички од Штип заболеа од корона вирусот

May 26, 2020 11:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Новите 11 тестови што беа направени вчера, потврдија пет нови случаи на заболени од Ковид-19 во Штип. Од новите пет позитивни случаи, четири се вработени во една иста конфекција, од каде веќе има две заболени работнички, потврдени во петокот и саботата. Новиот петти случај од денеска, нема врска со ниту еден претходен заболен и се смета за нов кластер, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Штип, пренесува МЕТА.

Со најновите четири заболени текстилни работнички, бројот на заболени во истата конфекција се зголеми на шест. Во конфекцијата извршена е дезинфекција на просториите во текот на вчерашниот ден. Додека Центарот за јавно здравје врши нови тестирања, работниците денеска не се на работа.

Конфекциите и најновите бројки на заболени ќе бидат тема на разгледување на денешниот состанок на Општинските кризен штаб, потврди градоначалникот Благој Бочварски.

„Во текот на вчерашниот ден е разговарано со превозниците. Тие потврдија дека прават редовна дезинфекција на автобусите,“ изјави Бочварски.

Лекарите веќе изразија загриженост дека не само погоните, туку проблем се и автобусите, каде не се држи социјална дистанца. Исто така целосно не се почитуваат мерки за време на паузите. Денеска пред членовите на Општинскиот кризен штаб сите опции се на маса. Еден од предлозите е целосно стопирање на работата на дел од конфекциите, за кое време работниците ќе го искористат стариот одмор, но тоа ќе зависи и од ставот на сопствениците, кои деновиве се во потрага на нови договори за шиење на маски, главна дејност последните два месеца на штипските конфекции.

Next Post

Ди Мајо: 15 јуни ќе биде Д-ден за европскиот туризам

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk