ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Чулев (не) одговори на прашањата на ЦИВИЛ за литијата во Струга, за прославата на МВР, орото во Чаир, случајот „Мицкоски и теретана“, Свети Спас, 7 мај..

May 27, 2020 14:55
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес конференција, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев не даде конкретен одговор на прашањата на ЦИВИЛ Медиа. На самиот крај на прес конференцијата, Чулев ги скрати и обопшти прашањата:

“И на крај од страна на Цивил Медиа значи има девет прашања, од кои што речиси сите се поврзани со тековни постапувања на Министерството за внатрешни работи, за литијата во Струга, за прославата на МВР, орото во Чаир, случајот Мицкоски и теретана, Свети Спас, 4 мај, и така натаму”, беше скратената верзија од прашањата.

Конкретно прашањата беа:

  • Кој ќе одговара за литијата во Струга?
  • Кој ќе одговара за прославата на МВР на 7 мај?
  • Кој ќе одговара за собирот на навивачи пред цркавата Свети Спас на 4 мај?
  • Кој ќе одговара за непостапувањето при оро во Чаир додека полициска кола поминува среде оро и не презема ништо?
  • Кој ќе одговара за случајот „Мицкоски и теретана“?
  • Дали обезбедувањето носело ракавици или сѐ уште е на ставот дека станува збор за отсјај?
  • Дали г. Чулев оправдува партиски лидер да се јавува кај полициски функционери и да врши притисок за предмет за кој има истрага?
  • Дали се работи на одговорите на прашањата поставени претходно во врска со снимањето на спотот по повод Денот на полицијата?
  • Дали се работи на одговорите на прашањата поставени претходно во врска со приведувањето и задржувањето на малолетниците во Штип, на 17 мај, во 23:50 часот?

На поставените прашања од ЦИВИЛ Медиа, Чулев одговори дека се поврзани со тековни постапувања на МВР:

„Она што сакам да ве информирам е дека Министерството за внатрешни работи на најтранспарентен начин ја информира јавноста во врска со сите случаи од делот на Министерството за внатрешни работи, и за наведените случаи Министерството за внатрешни работи веднаш презема активности во соработка со Основното јавно обвинителство со цел идентификување на лицата инволвирани во настанот и со поднесување на соодветни поднесоци во соработка и координација со Јавното обвинителство, а во однос на евентуално непостапување на полициските службеници надвор од овие протоколи и правилници констатирам дека како Министерство за внатрешни работи постапува одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди, и како и што сме правеле до сега штом се завршат овие истраги значи ќе биде јавноста благовремено информирана.“

И. Е.

Next Post

Прилеп постави фотоволтаични системи за заштита на животната средина

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk