ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитров: Потребни се солидарност и соработка за надминување на последиците од пандемијата

May 27, 2020 13:30
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„На сите ни е јасно дека само преку координиран пристап проткаен со солидарност, соработка и несебична размена на знаења и добри практики ќе ги пребродиме последиците од иницијалната криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерски состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУАСИР), чиј главен фокус беше координацијата во справувањето со последиците од пандемијата со короната.

– Претставува задоволство што на денешнава конференција во рамки на овој важен форум за регионална соработка и промоција на ЕУ интегративните процеси, кон кој пристапивме пред две години, е потенцирана и убавата симболика со одлуките на Советот на ЕУ во март годинава за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, чие натамошно ефектуирање ќе биде во фокус и на претстојното словенечко претседателство со Иницијативата, нагласи Димитров.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи учесниците на средбата разменија мислења околу тековната и идна фаза за справување со социо-економските последици и останатите предизвици предизвикани од Ковид-19.

– Сите учесници се согласија дека оваа пандемија претставува закана без преседан за економскиот раст на земјите членки на иницијативата, од ЕУ и од регионот на Западен Балкан. Истовремено кризата докажа и дека солидарноста, соработката и координацијата на билатерално, регионално и меѓународно ниво, се клучни за отстранување на таквите закани и нивните последици, се додава во соопштението.

Министрите заклучиле дека главен приоритет останува минимизирањето на последиците врз здравствените системи и здравјето на граѓаните, но истовремено и рестартирање на економијата и адресирање на социјалните импликации од економскиот пад, предизвикан од пандемијата.

– Во овој контекст, потребна е интензивирана и продлабочена соработка за утврдување на заемни решенија со цел безбедно отворање на границите и слободно патување на граѓаните, непречено одвивање на транспортот, зајакнување на трговијата и отворање на туристичките капацитети, преку размена на најдобри практики и почитување на здравствените протоколи,  се наведува во соопштението.

Министерската видео-конференција е дел од редовните годишни состаноци организирани од страна на претседавачите со иницијативата (Србија), при што од оваа година првпат учествуваше и Северна Македонија, која на 2 април 2020 година официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион.

 

Next Post

Спасовски: Со завршување на вонредната состојба продолжуваат сите изборни дејствија

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk