ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски: Со завршување на вонредната состојба продолжуваат сите изборни дејствија

Нам ни преостануваат уште 22 дена во рамки на Уставниот рок од 60 дена од распуштање на Парламентот до одржување на изборите, така што вонредната состојба го детерминира датумот на изборите, рече Спасовски.

May 27, 2020 13:31
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со завршување на вонредната состојба продолжуваат сите изборни дејствија. Одлуката е на претседателот дали ќе продолжи. Ние до крајот на неделата мораме да ги завршиме тие анализи и да одлучиме дали ќе бараме или не продолжување на вонредната состојба, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање дали укинувањето на рестриктивните мерки значи и дека ќе се укине вонредната состојба.

– Вонредната состојба воопшто не се врзува со рестриктивните мерки. Рестриктивните мерки ги носиме врз основа на Законот за заштита на населението и здравјето на населението и на основа на тоа ги донесовме рестриктивните мерки за движење, рестриктивните мерки во делот на работењето на рестораните, на угостителските објекти, на автошколите, на испитните центри, секаде каде што постоеше сериозен ризик да имаме можност за ширење на вирусот Ковид-19, рече Спасовски.

Тој истакна дека се прават анализи на кој начин полесно ќе се справуваме со состојбата, имајќи предвид, како што рече, дека сме единствената држава во светот во која што не работи Парламентот и едноставно како механизам останува само носењето на уредби со законска сила.

– Врз основа на тие аргументи и анализи ќе цениме дали ќе побараме или не продолжување на вонредната состојба. Одлуката е на претседателот дали ќе продолжи. Ние до крајот на неделата мораме да ги завршиме тие анализи и да одлучиме дали ќе бараме или не продолжување на вонредната состојба. Доколку бараме продолжување секако одлуката ќе биде на претседателот дали ќе продолжи вонредната состојба или не. Меѓутоа, реков, рестриктивните мерки, олеснувањето на тие мерки не зависат од вонредната состојба, рече Спасовски.

Премиерот напомена дека со завршување на вонредната состојба продолжуваат сите зборни дејствија.

– Нам ни преостануваат уште 22 дена во рамки на Уставниот рок од 60 дена од распуштање на Парламентот до одржување на изборите, така што вонредната состојба го детерминира датумот на изборите. Вонредната состојба завршува во сабота, денеска сме среда, имаме уште денови за да донесеме одлука. А кога ќе ја донесеме ќе ве известиме благовремено, рече тој.

Во врска со датумот за избори, Спасовски повтори дека Владата донесе Уредба во однос на изборните дејствија, што беше разгледана од Уставниот суд врз основа напреставка до Уставниот суд.

– Уставниот суд донесе одлука дека Уредбата е заснована на Уставот, дека е валидна во управниот систем во Република Северна Македонија. И сега нема можност ние да се преиспитуваме дали таа одлука е добра или не. За тоа кажал Судот дека е добра, а одлуките на Уставниот суд не се коментираат, тие се спроведуваат. Така што, политичките лидери треба да имаат предвид дека кога донесоа одлука за одлагањето на изборите, се донесе Уредбата со која се одложија изборите и денеска треба да знаат дека се детерминираат изборите од денот на завршувањето на вонредната состојба. Дваесет и два дена откако ќе заврши вонредната состојба треба да се одржат изборите, рече Спасовски.

Тој повтори дека Уредбата не може да се менува како што некому му одговара, заради тоа што имаме уставен рок од 60 дена кој што укажува дека од моментот на распуштањето на Собранието изборите треба да бидат одржани во рок од 60 дена.

– Ние имавме 38 дена, па вонредна состојба, со Уредбата се прекинати сите рокови во изборните дејствија, остануваат уште 22 дена и на основа на тоа треба да се цени. Единствено е прашањето дали ќе има потреба за прогласување на вонредна состојба од аспект на тоа како ќе можеме да се справуваме со економската криза во наредниот период. Јас затоа очекувам дека би имало дијалог помеѓу политичките партии, помеѓу лидерите на политичките партии и на основа на тој дијалог да се носи одлуката во рамките на роковите коишто се предвидени, рече Спасовски./МИА/

Next Post

Денес 17 оздравени и 25 нови заболени од коронавирус кај нас

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk