УГОСТИТЕЛИТЕ кои утре треба да ги отворат терасите, во секој момент очекуваат да ги добијат протоколите за работа од надлежните. Велат дека мерките доследно ќе ги почитуваат, но сепак се надеваат на измени согласно нивните барања.
ЧУЛЕВ (не) одговори на прашањата на ЦИВИЛ за литијата во Струга, за прославата на МВР, орото во Чаир, случајот „Мицкоски и теретана“, Свети Спас, 7 мај.
РИЈАСЕТОТ го сменил Реисот. Но, всушност треба да го смени начинот на функционирање. – пишува Кристина Костова.
ПРИЛЕП постави фотоволтаични системи за заштита на животната средина Фотоволтаичните системи со моќност од 15 и 16 киловат часови ќе заштедат енергија и ќе апсорбираат преку 56.000 килограми јаглерод диоксид во воздухот.
СВР Охрид поднесе десет кривични пријави против лица од повеќе места од земјава осомничени за кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
УТРЕ во Апелациски суд продолжува јавната расправа за пресудите за „27 април“
ОД утре ново работно време на одделенијата на МВР во Скопје за вадење на лични документи
ЕДИНИЦАТА за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривични пријави за 20 наставници од ОУ „Кузман Шапкарев” во Драчево, овозможиле изготвување лажни свидетелства.
ПРЕМИЕРОТ Оливер Спасовски денеска изјави дека во текот на денов се прават анализи, подготовки и разговори околу најавеното издавање на еврообврзницата за што е почната постаката.
ЖАН Тод и AutoBest започнуваат со соработка за да се спасат милиони животи. AutoBest жирито ги поддржува напорите на Жан Тод за подобра безбедност во сообраќајот, спроведувајќи проекти за значително намалување на бројот на жртви.
ПО објавата на профилот на Моника Конопова дека синоќа нејзиниот татко ја претепал и се обидел да ја убие, ХОПС најостро го осудува семејното насилство извршено од нејзиниот татко и ги повикува институциите да постапат со должно внимание, да го истражат случајот, да го процесираат случајот, сторителот да добие казна, а жртвата да ја добие неопходната помош и поддршка.
АМБАСАДАТА на Франција во земјава денеска соопшти дека за време на кризата доделила заштитна опрема за медицинскиот персонал на ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, но и поддршка на Црвениот крст за дистрибуција на оброци и средства за хигиена на лица со посебни потреби.
ПРЕМИЕРЛИГАШОТ Њукасл стапи во преговори со Барселона за трансфер на играчот од средниот ред Филипе Кутињо, пренесува „Скај Спорт“ повикувајќи се на „Мундо Депортиво“.
ГЕРМАНСКАТА канцеларка Англеа Меркел денеска им се заблагодари на граѓаните на Германија и оцени дека контролата над пандемијата е подобра, но истакна дека општеството е сè уште на почетокот на пандемијата.
J. Ѓ.