ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Центар подели 1000 пакети со храна за време на корона кризата

May 28, 2020 13:54
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар во соработка со здруженијата „Хуманост“ и „Банка за храна“ и со учество на голем број волонтери подели околу 1.000 пакети храна во текот на последните два и пол месеци, односно од почетокот на кризата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2. Воведувањето на забраната за движење, како и влошувањето на економската состојба на одредени категории граѓани беа главен мотив да се започне со оваа активност. Пакетите со прехранбени производи секојдневно се доставуваа во домовите на граѓаните кои беа оневозможени да ги обезбедат секојдневните потреби за храна, информираат од Општина Центар.

„Секој граѓанин заслужува достоен оброк, секој ден во годината. Нула глад во Oпштина Центар е наша секојдневна борба и мисија“, вели градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Главни целни групи беа примателите на социјална помош, пензионерите со ниски примања, згрижувачките семејства, групните домови на територијата на Oпштина Центар, Центарот за лица со ментален хендикеп „Порака“, како и полициските станици. Според проценките, за овој период се поделија над 30 тони храна, која беше обезбедена од повеќе општествено одговорни компании во координација со здружението „Банка за храна“.

– Општина Центар останува силно посветена да обезбеди што е можно подобри услови за живот на социјално загрозените категории граѓани преку реализација на различни проекти и активности. Како и пред појавата на кризата со COVID-19 и во наредниот период ќе продолжи редовната дистрибуција на храна за 150 социјално загрозени семејства на територијата на Центар, се вели во соопштението за јавноста од Општина Центар.

Next Post

Зоран Кардула на „Славорум“ со илустрации од писатели и уметници од руската авангарда

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk