МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче, информира дека во текот на денот Институтот за јавно здравје регистрирал 35 нови лица позитивни на коронавирусот и 19 оздравени пациенти. Во овој период починале 5 лица.
НА Седмата седница на Советот за безбедност одржана кај претседателот Пендаровски, одлучено е да има нови 14 дена вонредна состојба. Ситуацијата е сериозна, партиите да се договорат за датум за Парламентарни избори, потребни се институции со полн политички легитимитет, потенцира Пендаровски
НЕКОЛКУ политички лидери од поголемите политички партии беа прилично блиску до датум за парламентарни избори, беа во рамки на 10 до 15 дена разлика, открива претседателот Пендаровски.
КОРОНА ворусот не може да умре. Секој трет од заболените со Ковид-19 во земјава е без симптоми, но може да ја пренесе болеста. Видео прилог на „Метаморфозис“.
ВЛАДАТА денеска ја донесе Уредбата со законска сила за издавање на Ваучер за туризам од 6000 денари на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните.
ЧУЛЕВ по налог на Мицкоски директно поттикна непочитување на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Сметката од неговиот несериозен однос, стигнува деновиве преку бројките на новозаболени. Чулев мора веднаш да поднесе оставка, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
УПРАВНИОТ суд на седница одржана на седми мај годинава донесе пресуда со која тужбата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се усвојува, а Одлуката на Влада со која се поништуваат 88 решенија за распоредување на работно место се поништува.
НОВО детско инклузивно игралиште за деца со попреченост денеска официјално беше отворено во Општина Карпош, на улицата „Веселин Маслеша“. Во игралиштето има поставено адаптирани реквизити токму за овие деца, но и стандардни и фитнес реквизити за рекреација.
ОПШТИНА Гази Баба денеска соопшти дека ги ослободува родителите од надомест за трошоци за во градинка, од месец март па се додека трае вонредната состојба.
ВО општина Прилеп трет ден по ред нема новозаболени од коронавирус, а денеска едно лице оздравело од заразната болест. Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 44
БОСНА и Херцеговина донесе одлука да се отворат граничните премини за граѓаните на Србија, изјави денеска заменичката на претседателот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ.
Ј. Ѓ.