Mинистерството за здравство денеска соопшти дека денеска се регистрирани 62 нови случаи на заболени со ковид -19. Од нив најмногу се во Скопје -24.
Најмногу од новозаразените се во опшптината Чаир-11, по што следуваат Бутел со 6, Сарај, Карпош, Аеродром со по два случаи и еден во Гази Баба.
Од остататите општини во земјава, голем број случаи има во Штип-14 и во Тетово 12, кои и министерот за здравство Венко Филипче ги спомена како места каде многу малку или воопшто не се почитуваат мерките за заштита.
Во Штип како проблем се појави една текстилна конфекција, каде има најмалку 20 заболени, над 150 лица се во изолација.
Од денешните 14 новозаразени во Штип и Карбинци има две деца, на возраст од една и три години.