Крушево заедно со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе работи на изработка на проект за гасификација на градот. Програмата на УНДП го објави повикот за доставување понуди за изработка на проект.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, проектот произлегува од анкетата што ја спроведе општината, а на која 95 проценти од граѓаните се изјасниле дека е потребна гасификација.
– Програмата на УНДП го објави тендерот и за брзо очекуваме почеток на изработка на проектот за гасификација. Со овој проект покажуваме дека работиме на современи, одржливи и решенија кои ќе ја заштитат животната средина. Над 95 отсто од анкетираните граѓани потребата од гасификацијата ја сметаат за неопходна и тоа е дополнителна потврда дека сме на вистинскиот пат со овој проект, вели Христоски.
Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Крушево до селото Пуста Река, проект финансиран и имплементиран од Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Крушево.
Фирмата изведувач започна со гребење на асфалтот, а во текот на оваа недела се очекува асфалтирање. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, патот се реконструира по 45 години.
– Овој проект е еден од многуте кои ги имплементираме на целата територија на Крушево и со тоа покажуваме дека работиме во секој дел од Општината. Работиме во градот и сме имплементирале активности и проекти во сите села, вели Христоски.