ВО земјава денеска се регистрирани нови 89 позитивни случаи, починале седум лица од Ковид-19.
ВО изминатите три години постигнавме две стратешки цели: Станавме 30 членка на НАТО и имаме датум за преговори, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
ЗА случајот „Рекет” видовме сè и сешто, но обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари обвинетиот Бојан Јовановски, изјави во завршен збор неговиот адвокат Сашко Дуковски.
ПАРТИСКИТЕ лидери мора да покажат одговорност за излезно решение, бидејќи не може државата да продолжи со постојана вонредна состојба, изјави денеска собранскиот спикер Талат Џафери
ПАТНИЧКИОТ автобуски сообраќај од и кон Охрид моментално се одвива со само пет автобуски линии кон главниот град и тоа со две возила на „Галеб“, едно на „Класик компани“ и од денеска со два автобуси дневно на „Македонија сообраќај“.
УНГАРСКИОТ нискобуџетен авиопревозник „Визер“ соопшти дека од 3 јули ќе воведе авионска линија од Скопје кон Салцбург и обратно.
ОДЛОЖЕНО е тестирањето на вработените во детската градинка „Астибо“- Штип, каде што има и најголем број вработени во петте клонови низ градот Штип.
ДИРЕКТОРКАТА на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска преку својот фејсбук профил соопшти дека е позитивна на КОВИД-19.
ПОМОШ од Владата за радиодифузерите за справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.
КРУШЕВО работи на проект за гасификација и го реконструира патот до Пуста Река.
КАКО мртвите птици се претворија во Сухои – Секогаш кога Северна Македонија е пофалена, се случува нешто што очигледно има за цел да го дефокусира јавното внимание од нејзиното историско полноправно членство во НАТО – Ф2Н2.
ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашните објави на Миленко Неделковски со експлицитен говор на омразата на социјалните мрежи на сметка на информацијата дека пратеникот Мухамед Зеќири и неговото семејство се позитивни на Ковид-19.
ДЕМОКРАТСКАТА партија на Албанците смета дека треба да има избори на 5 јули. Според претседателот на партијата Мендух Тачи тоа е потребно поради нефункционалноста на Владата.
Ј. Ѓ.