Министерот за здравство, Венко Филипче со најновите измени на состојбата со заразени од Ковид-19 во земјава.
Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19: Скопје 41, Куманово 12, Штип 16, Тетово 10, Струга 1, Охрид 2, Гостивар 1, Пробиштип 4.
На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, еден од Скопје и по двајца од Прилеп и Тетово.
Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.