Директорката на клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ изјави дека во моментов на Клиниката нема ниту еден пациент приклучен на респираторна машина.
„Претежно доаѓаа пациенти со тешка клиничка, препратени од други одделенија или донесени со Брза помош. Сега имаме пациенти кои немаат сериозни симптоми и кои не треба да бидат хоспитализирани и тоа е добро. Значи луѓето почнаа да ја сфаќаат сериозно ситуацијата“, вели Стевановиќ.
Директорката, која е исто член на Комисијата за заразни болести, смета дека нашите верски лидери потфрлиле во однос на тие во целиот свет, во поглед на повиците до верниците да бидат сплотени и да ги почитуваат мерките.