ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Грција тестот за туристите нема да биде задолжителен, туку тестови по случаен избор

June 9, 2020 16:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Планот на владата за туризмот не се менува, веројатно во четврток Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита ќе излезат со соопштенија за тестовите – колку, кога, каде, како ќе се прават, како и за зајакнување на здравствените структури во земјата, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, објаснувајќи дека станува збор за комплетен план за заштита на туризмот од веројатни “увезени случаи”, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што веќе беше и официјално соопштено, во Грција тестот за туристите нема да биде задолжителен, туку ќе се прават тестови по случаен избор.

Откако вчера во Грција беа објавени 97 нови случаи на Ковид-19, што се однесуваа на четири дена, Пецас рече дека всушност тоа се случаи фокусирани во регионот на градот Ксанти и 30 кај патници кои од странство пристигнале во земјата, за кои истакна дека поголемиот дел биле Грци кои се вратиле и “нема поврзаност со туристичките бранови”.

Портпаролот на грчката Влада објасни дека земјата останува на планот за постепено отворање на границите, почнувајќи од 15 јуни.

-Сега се подготвуваме за следниот голем чекор што е отворање на сезонските објекти и портите на земјата за нејзините посетители. Од 15 јуни ќе ги пречекаме туристите од аеродромите што се на листата на Европската организација за безбедност во воздухопловството и се со низок епидемилошки товар. Истиот ден, освен на аеродромот во Атина, одново започнуваат летови и кон аеродромот “Македониа” во Солун, додека пак на 1 јули се отвораат сите аеродроми во нашата земја, рече Пецас.

Паралелно повтори дека безбедноста на сите, како на туристичките работници, така и на локалното население на туристичките дестинации и на посетителите, “претставува основен владин приоритет”, но и истакна уште еднаш дека ова лето нема да биде исто како ланското.

Пецас порача дека земјата има уште чекори да направи на патот до “новата нормалност”.

-Да не се опуштиме, бидејќи ако се опуштиме, ќе го платиме тоа. Еден месец по карантинот, епидемиолшката слика на земјата останува добра. Но, тоа не не успкојува. Не завршивме со коронавирусот. Нашето внимание, со ист интензитет го насочуваме како кон внатрешноста, така и кон надвор, истакна Пецас.

Грција ќе ги интензивира контролите и ако е неопходно ќе преземе дополнителни мерки на локално ниво

За последните епидемиолошки податоци во земјата, откако за четири дена беа регистрирани 97нови случаи, како и за подготовката и организирањето во пресрет на летото, станало збор на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежите министри и претставници на здравствените организации, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, била истакната потребата за строго спроведување на мерките, а ќе се интензивираат и контролите, а доколку е неопходно ќе се преземат и дополнителни мерки на локално ниво.

Next Post

Нема нов полициски час, Владата ги задолжи МВР и инспекторатите да вршат засилени контроли во подрачјата со поголем број нови случаи од Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk