Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во пост на Фејсбук соопшти дека интензивно се работи на оспособување на инфраструктурата за отворање на граничниот премин со соседна Грција, „Маркова нога“ кај Преспа.
Сугарески, при увидот во градежните активности, во изјава за присутните медиуми, истакна дека покрај отворањето на овој граничен премин, инвестицијата вредна 1,8 милиони евра вклучува и санација на патот за овозможување побезбеден сообраќај во поширокиот дел на областа.
Капиталните проекти насекаде низ државата се работат со силна динамика. Ова е свлечиштето Маркова нога во Преспа, каде забрзано се санира за да се овозможи безбеден сообраќај на регионалниот пат Макази-Маркова нога. Инвестицијата е вредна 1,8 милиони евра. Санацијата е уште поважна бидејќи ја оспособуваме инфраструктурата за отворање на граничниот премин Маркова нога со соседна Грција, напиша министерот Сугарески на Фејсбук.