Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вечерва објави дека разговарал за парламентарните избори во земјава со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Вархеји на Твитер напиша дека ја истакнал важноста од слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, водејќи сметка за состојбата со Ковид -19 и за потребата од економско закрепнување.
Претходно денеска Владата донесе Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, соопшти вечерва владината прес-служба. Со Уредбата задолженија добија неколку институции, вклучително Државната изборна комисија (ДИК), МВР и Министерството за здравство.
Од Владата информираат дека единствен кој гласал против оваа уредба е министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.