ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

МЗ: 70% од заразените се од познати кластери, главната причина за заразување е непочитување на мерките

Четирите големи жаришта полека спласнуваат. Согласно спласнувањето во Штип и постепено во тетовско, сконцентрирани сме на сузбивање на преносот на заразата тука во Скопје.

June 11, 2020 18:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Помеѓу 65% и 70% се во рамките на познатите кластери, дека тој тренд во Скопје продолжува, или помеѓу повеќе кластери, но има и нови. Секогаш поради истата причина, а тоа непочитувањето на мерките.

И покрај забраната, луѓето прават масовни собири. Нешто што апсолутно нема логика. И го осудувам, го осудуваат сите здравствени работници.

Јасни се мерките. Не може да се собираат, мора да носат маски. Не може да се прави свадба кога е тоа забрането. Не може други собири од 200 луѓе да се прават во Охрид кога е тоа забрането. И згора на тоа да не се соработува, да не се кажуваат точни информации.

Во штипските конфекции, од 7 досега, кои беа идентификувани дека се ризични, земени се 778 бриса, од кои потврдени се 126 позитивни случаи, хоспитализирани во болницата се 24 лица.

Сите останати се на домашно лекување или во самоизолација, во зависност од симптомите. Од решенијата вкупно издадени од ДСЗИ, 400 лица се контакти.

Откако се направи овој пристап, тестирање, изолација на сите контакти, состојбата во Штип и во тетовско постепено се смирува.

Останува во Скопје, особено населбата Чаир, каде има најголем број потврдени случаи, за жал се уште епидемиолозите се соочуваат со проблемот со обезбедување контакти и давање вистинити податоци.

Сѐ уште се евидентираат и прекршувања и непочитување на мерката за самоизолација, но и на пропишаните мерки за групирање и за лична заштита.

Во контекст на ова, засилени се контролите согласно координативните состаноци на Централниот штаб од страна на надлежните кои се задолжени да ги спроведуваат на терен овие активности.

Владата веќе има донесено уредба со којашто се определува за лице кое ќе го прекрши решението за самоизолација, или дава лажни податоци, во врска со лицата со кои било во контакт, да му се одреди мерката државен карантин во времетраење од 14 дена, за што МВР донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од лицето.

Четирите големи жаришта полека спласнуваат. Согласно спласнувањето во Штип и постепено во тетовско, сконцентрирани сме на сузбивање на преносот на заразата тука во Скопје.

Препораките на комисијата остануваат исти, и бараме апсолутно да се почитуваат од сите граѓани, заради тоа што пред нас е уште долга битка со вирусот, очигледно е дека вирусот е тука, и ние ќе мора да научиме соодветно да живееме со него.

Next Post

САД се пред втор бран од коронавирусот

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk