ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на вести во 18 часот: Над 20 заразени од семејни собири, кој советник на Чулев е позитивен на Ковид-19 и други наслови

June 11, 2020 18:09
in ON THE HOUR, ДЕНЕС

ССНМ ја поздрави одлуката на Владата да го прифати барањето за субвенционирање на придонесите за социјално и пензиско осигурување за вработените во медиумите.

ФИЛИПЧЕ: Жалам што дополнителната заменик-министерка не го потпишува заемот, осум пати одговоривме на нејзините прашања.

ИНСПЕКЦИСКИТЕ служби ќе продолжат да функционираат со полн капацитет за заштита на населението од ширење на коронавирусот, но и за заштита на правата на секој граѓанин. Испекторите ќе бидат строги во контролите и ќе следуваат соодветни санкции за сите што ќе се осмелат да ги прекршат.

Во ОХРИД од присутните на семејна прослава со околу 200 лица досега се регистирани осум позитивни на Ковид-19, а 40 контакти се во изолација, додека од свадба во Скопје каде имало стотина присутни досега се потврдени 14.

РАЗОБЛИЧЕНА е лажната вест со која и Тодор Петров ја вознемири јавноста за измислени 100.000 деца убиени или заробени во Њујорк.

КУМАНОВСКИОТ градоначалник Максим Димитриевски, денеска остварил средба со министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам.

МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата, односно ниту една болница во овој момент не се наоѓа во ризик од ширење на коронавирусот.

СУГАРЕСКИ: Создавањето подобри услови за живот на жителите на Делчево е резултат на заедничката работа на централната и локалната власт, а тоа е видливо на терен. Ја рехабилитиравме речиси целата патна инфраструктура во овој регион, а сега се фокусираме на локалната патна мрежа и на комуналните работи, пред сè заради подобрување на условите за живеење во општината.

ЛЕТНАТА сезона е пред самиот праг, а состојбата со закупот на плажите на Охридското езеро не е решена. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба.

МАКЕДОНСКИ полициски синдикат: Чулев да каже кој од неговите советници е позитивен на Ковид-19.

ОПШТИНА Велес распиша конкурс за доделување на  наградата „Рациново признание“ за 2020  година, која се доделува за прозни литературни остварувања на автори од земјава, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

ФИНСКА денеска соопшти дека ќе ги отвори границите за патници од шестте соседни држави, поради олеснувањето на  мерки против коронавирусот, но дека во одлуката не е вклучена и Шведска.

А. Н. С.

Next Post

МЗ: 70% од заразените се од познати кластери, главната причина за заразување е непочитување на мерките

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk