ССНМ ја поздрави одлуката на Владата да го прифати барањето за субвенционирање на придонесите за социјално и пензиско осигурување за вработените во медиумите.
ФИЛИПЧЕ: Жалам што дополнителната заменик-министерка не го потпишува заемот, осум пати одговоривме на нејзините прашања.
ИНСПЕКЦИСКИТЕ служби ќе продолжат да функционираат со полн капацитет за заштита на населението од ширење на коронавирусот, но и за заштита на правата на секој граѓанин. Испекторите ќе бидат строги во контролите и ќе следуваат соодветни санкции за сите што ќе се осмелат да ги прекршат.
Во ОХРИД од присутните на семејна прослава со околу 200 лица досега се регистирани осум позитивни на Ковид-19, а 40 контакти се во изолација, додека од свадба во Скопје каде имало стотина присутни досега се потврдени 14.
РАЗОБЛИЧЕНА е лажната вест со која и Тодор Петров ја вознемири јавноста за измислени 100.000 деца убиени или заробени во Њујорк.
КУМАНОВСКИОТ градоначалник Максим Димитриевски, денеска остварил средба со министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам.
МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата, односно ниту една болница во овој момент не се наоѓа во ризик од ширење на коронавирусот.
СУГАРЕСКИ: Создавањето подобри услови за живот на жителите на Делчево е резултат на заедничката работа на централната и локалната власт, а тоа е видливо на терен. Ја рехабилитиравме речиси целата патна инфраструктура во овој регион, а сега се фокусираме на локалната патна мрежа и на комуналните работи, пред сè заради подобрување на условите за живеење во општината.
ЛЕТНАТА сезона е пред самиот праг, а состојбата со закупот на плажите на Охридското езеро не е решена. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба.
МАКЕДОНСКИ полициски синдикат: Чулев да каже кој од неговите советници е позитивен на Ковид-19.
ОПШТИНА Велес распиша конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година, која се доделува за прозни литературни остварувања на автори од земјава, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
ФИНСКА денеска соопшти дека ќе ги отвори границите за патници од шестте соседни држави, поради олеснувањето на мерки против коронавирусот, но дека во одлуката не е вклучена и Шведска.
А. Н. С.