Вицепремиерот и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи попладнево преку својот Фејсбук профил реагираше на веста на „Лајм“ во која се тврди дека ДУИ им платиле на навивачката група „Комити“ за вечерва да им го демолират билбордот кои сами го поставија спроти Владата.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1285413354995898&set=a.181364155400829&type=3&theater
„Лажните вести стануваат сè поголем здравствен, политички и безбедносен проблем. Институциите да реагираат ургентно“, напиша Османи на Фејсбук.
Според „Лајм“ целта на нарачката од ДУИ да се демолира билбордот била да се создаде тензија и впечаток во албанската јавност дека македонските националисти навистина се плашат од „предлогот за албански премиер“ и со тоа да се зголеми рејтингот на ДУИ.
„Во МВР се со став дека немаат информации за конкретниот случај, но дека од поодамна поседуваат одредени информации за планови за создавање на меѓуетнички тензиии во државата“, пишува Лајм.