ЗАЕВ: Го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Бараа средината на јули – еве им средина на јули.
15 ЈУЛИ, среда, неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
ВЛАДАТА бара Претседателот да прогласи вонредна состојба од 15 јуни заклучно до 22 јуни, среда. На експресна седница вечерва, бил усвоен овој предлог.
ОТКАКО лидерите на двете најголеми партии се договорија за предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули, договорот го поздрави и потпретседателката на Владата и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на СДСМ Љупчо Николовски: Мојата изборна единица и истокот беа пример за тоа како се почитуваа мерките за справување со коронавирусот. Јавното здравје е предизвик и одговорност за секој од нас
АМБАСАДОРКАТА на САД во Република Северна Македонија, Кејт Брнз, на твитер ја поздрави информацијата дека предвремените парламентарни избори се закажани за 15 јули.
ВИСОКИОТ претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел го поздрави постигнатиот дговор за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули.
УПРАВАТА за извршување на санкциите потврди дека затворски полицаец од КПУ Затвор – Скопје во Шутка е позитивен на коронавирусот и дека се добиени информации за сите контакти кои ги имал на работното место.
СРБИЈА побара официјален одговор од грчките власти за проблемот со преминување на нивната граница од страна на српски државјани и чека одговор. Според српски официјални лица, очигледно постојат несогласувања во грчките институции.
ИТАЛИЈА денеска пријави 26 смртни случаи, што е најмала бројка на починати лица од последици на новиот коронавирус од 2 март.
СЗО го истражува потеклото и големината на новото жариште на Ковид-19 во Пекинг, изјави на денешната прес конференција генералниот секретар на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.
СПОРЕД последните податоци, во светот, со коронавирус досега се заразени 8.054.599 лица. Од нив починале 436.799, а оздравеле 4.155.506 луѓе.
А. Н. С.