ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев е добитник на Наградата за човекови права 2020 на Фондацијата „Фридрих Еберт“

June 17, 2020 12:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата „Фридрих Еберт“ на двегодишнината од Преспанскиот договор,  објавува дека наградата за човекови права ја доделува на Зоран Заев. Официјалното доделување на наградата е планирано за оваа есен во Берлин.

На тој начин, стои во денешното соопштение, ФЕС му оддава признание на Заев за личната посветеност кон Договорот и неговите проевропски заложби за слободно и отворено општество.

– Зоран Заев е поранешен премиер на Северна Македонија и претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Северна Македонија. Официјалното доделување на наградата е планирано за оваа есен во Берлин. Со доделување на наградата, Фондацијата „Фридрих Еберт“ му оддава признание на Зоран Заев за неговата мировна политика и склучувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот договор со Грција во 2018 година. Преспанскиот договор подразбираше промена на името на земјата со што се реши 27-годишниот спор за името и ѝ овозможи на земјата членство во НАТО и отворање на преговорите за пристап кон Европската Унија. Двата договори се централните обележја за подобрување на животните услови во земјата. Со неговата подготвеност да донесе разумни, но во голема мера непопуларни одлуки, Зоран Заев покажа дека тие одлуки се поважни од неговата политичка судбина, се појаснхува во соопштението од Фондацијата.

Курт Бек, претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, како што стои во соопштението, особено ја нагласува заложбата на Заев за Европа.

– Зоран Заев се залага за слободно, отворено и социјално општество. Неговата решителна реформска политика не само што придонесе за мирот и стабилноста, туку и ја доближи Северна Македонија со
големи чекори кон Европската Унија, вели Бек.

Заев, подвлекуваат, одигра клучна улога уште како опозициски лидер. За време на „Шарената револуција“ се залагаше за владеење на правото и мирно издејствува нови избори. Подоцна, како премиер, оценуваат, постави нови стандарди, особено во делот на социјалната политика.

– Тој ја зголеми минималната плата за 60 проценти, ги зголеми социјалните придобивки и ги подобри платите на медицинскиот персонал и докторите. После многу години авторитарен регрес во регионот, Зоран Заев лично претставува промена на насоката што им дава надеж на прогресивните сили во регионот, се наведвуа во соопштението од Фондацијата.

Ова извонредно достигнување, појаснуваат, на Зоран Заев го одликува Фондацијата „Фридрих Еберт“ со доделување на овогодишната награда.

Наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ беше доделена првпат во 1994 година, основана од наследството на брачниот пар од Хамбург, Карл и Ида Фајст. Брачната двојка навела во својот тестамент дека ја овластува фондацијата да управува со нивното наследство и секоја година да ја доделува наградата за човекови права. Наградата треба да се доделува на лице или
организација, кои дале особен придонес на за човековите права во различни делови од светот.

Паричната награда изнесува 10.000 евра и се доделува на 17.06.2020 годишно. Минатата година наградата ѝ беше доделена на Мирјам Миранда, активист за правата на жените и заштита на животната средина од Хондурас.

Next Post

НБ: Раст на девизните резерви, умерено подобрени трендови на девизниот пазар

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk