ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжува сагата со платеното политичко рекламирање за изборната кампања

June 18, 2020 20:43
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Движењето Беса поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ, Лазо Петрушевски, поради една одлука која според опишувањето во тужбата може да создаде реални проблеми во предизборната кампања.

Според Изборниот законик, медиумскиот простор се дели на тој начин што рамноправно им се дава простор на две партии од власта и две партии од опозицијата, а помал дел на помалите партии. Изборот на партиите законски се прави според резултатите постигнати на минатите парламентарни избори. Но создавањето на нови коалиции предизвика забуна и комплицирани ситуации, а најмногу се отежнува доколку распределбата на медиумскиот рекламен простор се дели како што обвинуваат од Беса.

Во тужбата пишува дека АВМУ времето предвидено за партиите на власт е поделено 50%-50% меѓу коализијата МОЖЕМЕ предводена од СДСМ и ДУИ. Просторот за опозициските партии е поделен, пак, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”, која ја предводи токму ВМРО-ДПМНЕ. Според ова излегува дека ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција ќе можат да го користат целиот простор предвиден за опозициските партии, а оваа коалиција ќе има исто време колку што СДСМ и ДУИ ќе имаат заедно.

Ваквата одлука, според пријавата на Беса, доколку стапи на сила, ќе создаде забуна и кај партиите и кај медиумите. Во слична дилема претходно беше и Државната изборна комисија. Беса според последните резултати е второ рангирана партија во опозиција, но бидејќи настапи во коалиција со СДСМ, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски најпрвин предложи местата во избирачките одбори кои и припаѓале на оваа партија да и се диделат на Алијансата за Албанците. Но, на крај ДИК се одлучи да ги остави на Беса. Според оваа одлука и државните пари кои ќе ги подели ДИК за медиумска кампања се доделуват на СДСМ и ДУИ како две прворангирани партии на власт и ВМРО-ДПМНЕ и Беса како две партии во опозиција.

Доколку одлуката за која сега тужи Беса, стапува во сила медиумите ќе останат меѓу две контрадикторни одлуки, првата на ДИК која доделува пари на Беса како второ рангирана опозициска партија и одлуката на АВМУ која просторот на второрангирана опозициска партија му ја одредува на коалицијата “За подобра Македонија”.

Во ваква ситуација, ако медиумите ја почитуват одлуката на ДИК и ја рекламираат Беса како второ рангирана опозициска партија, можат да добијат казна од АВМУ, а доколку ја почитуват одлуката на АВМУ можат да останат без парите кои ги доделува ДИК.

Арианит Хоџа од Движењето Беса денеска објави документ со кој објави дека оваа партија поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ Лазо Петрушевски поради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена должност.

„Како што најавивме пред неколку месеци, денеска во името на Движење БЕСА поднесовме кривична пријава против АВМУ, заради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена должност, сакајќи да му наштети на Движењето БЕСА, кое е четврта партија по големина, односно втора поголема опозициска партија од резултатите на парламентарните избори од 2016 година… На остатоците од режимот ВМРО-ДУИ нема да им се дозволи да направат нови преседани со толкување на законите по нивата лична желба или нивните партиските наредби“, истакна генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа на Фејсбук.

Арбен Зеќири

Next Post

Преглед на вести во 21 часот: Навистина некој е шокиран од изјавата на Боки 13, освен очајните политички „кленови“?, Продолжува сагата со платеното политичко рекламирање за изборната кампања

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk