ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ прогласи победа на изборите во Србија со 62,5%

Гласањето беше следено со многу малку странски набљудувачи - ОДИХР и мисијата ЕНЕМО (Европска мрежа на организации за мониторинг на изборите) чии извештаи ќе бидат основа за институциите на ЕУ да ја проценат исправноста и демократијата во изборниот процес на Србија.

June 21, 2020 22:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На редовните парламентарни, покраински и локални избори во Србија апсолутен победник според податоците на ИПСОС и Цесид од обработени над 73 отсто гласови е изборната листа Александар Вучиќ-За нашите деца на владејачката Српска напредна странка (СНС), која освои 62,5 отсто од гласовите, а според нецелосните податоци на Републичката изборна комисија СНС освоила 63,35 проценти.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според овие резултати, СНС во српското собрание од 250 места ќе има околу 180 пратеници. Втора изборна листа со освоени гласови е Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ со 10,7 освоени гласови и околу 30 пратеници.

Во Собранието засега влегува и листата СПАС на градоначалникот на Нов Белград Александар Шапиќ со освоени 4,1 отсто гласови или 11 пратеници, како и партијата на Унгарците на Иштван Пастор со 8 пратеници, албанските партии со 4 места и партијата на Муамер Зукорлиќ која настапи со Демократската партија на македонците со две пратенички места.

Претседателот и лидер на СНС Александар Вучиќ вечерва прогласи апсолутна победа на изборите со, како што кажа, освоени 64 отсто од гласовите или над два милиони гласови.

-Вечерва добивме апсолутно незабележан резултат, поголем од сите досега, но и порака дека мора да бидеме уште подобри и со уште повеќе резултати. Во идната влада ќе земеме луѓе и кои не беа на нашата листа и ќе ги забрзаме реформите, изјави Вучиќ.

Во услови на состојба на епидемија со коронавирус и бојкот од поголемиот дел на опозицијата позначајно од очекуваната победа на СНС беше излезеноста на граѓаните и таа според ЦРТА до 19 часот изнесува 45,5 отсто.

Аналитичарите наведуваат дека излезеноста на овие избори во Србија е за 6 отсто помала отколку на изборите во 2016 година.

Според невладината набљудувачка организација Црта, забележани се и 5 отсто неправилности на избирачките места, како што е случајот со таканаречениот „бугарски воз“ на две изборни места во Зрењанин и на едно место во Пожаревац, тепачка на избирачкото место во Нов Белград и Чачак, обидот за контрола на избирачкиот список од неовластени лица во Свилајнац и напад врз новинарите на нишкиот портал Јужни вести, од лица кои биле снимени со непознати списоци во рацете.

Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, вечерва изјави дека според нивните податоци на изборите кои биле проследени со бројни неправилности, излегле 42 проценти од гласачите и дека „идната нова влада нема да има легитимитет“. Тој додаде дека сега постојат две можности – „режимот да продолжи да работи како порано и да ја доведе земјата во натамошни тензии, или со посредство на Европа, да дојдеме до ситуација да имаме фер и чесни избори“.

Гласањето беше следено со многу малку странски набљудувачи – ОДИХР и мисијата ЕНЕМО (Европска мрежа на организации за мониторинг на изборите) чии извештаи ќе бидат основа за институциите на ЕУ да ја проценат исправноста и демократијата во изборниот процес на Србија.

Официјалните резултати од изборите РИК ќе ги објави во Службен весник, не подоцна од 96 часа по завршувањето на гласањето./МИА/

Next Post

Угостителските објекти ќе работат до полноќ во работни денови, до 1 часот за викенди

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk