ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Скопје со најмногу активни случаи, КОВИД центар и болницата Козле

Чаир и натаму останува општина со најмногу заразени. Заклучно со завчера, бројот на позитивни на коронавирусот е 384. Во Гази Баба, Бутел, Аеродром, Центар, Карпош и Сарај, бројката се движи околу 150 заразени.

June 22, 2020 07:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на позитивни на коронавирусот во државава се искачи на 5106, а досега починаа 238 лица. Вчера беа регистрирани 101 нов случај на КОВИД-19, од направени 776 тестирања и пет починати. Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 22 оздравени пациенти од кои 11 од Скопје, 10 од Тетово и еден од Велес. Бројот на активни случаи на ниво на држава е 2 942.

Од вчерашните регистрирани нови 101 случај на КОВИД-19 во државата, согласно вчерашните податоци, најголемиот број, 57, се од Скопје, со што вкупната бројка на заразени во главниот град достигна 2 498, а активни се 1 699.

Чаир и натаму останува општина со најмногу заразени. Заклучно со завчера, бројот на позитивни на коронавирусот е 384. Во Гази Баба, Бутел, Аеродром, Центар, Карпош и Сарај, бројката се движи околу 150 заразени.

На Инфективната клиника вчера биле примени пет пациенти,  хоспитализирани се 95 пациент, од кои на кислородна поддршка се 45. Во ГОБ „8 Септември“, пак, вчера биле примени девет нови, а вкупно се хоспитализирани 133 пациенти ( седум се на респираторна машина) Во болницата во Битола има 35 пациенти, во болницата во Штип 18 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп  81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Викендот и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, покрај за деца, почна да функционира како Ковид-19 центар за прием и на возрасни. Во Институтот располагаат со 70 легла, од кои 15 се наменети за деца. Во него ќе бидат сместени возрасни пациенти со полесна или средна клиничка слика. Институтот засега располага со кислородна линија, но нема респиратор, кој е потребен за потешките случаи. Тимот во „Козле“ се зајакнува со дополнителен персонал од лекари, осум интернисти и двајца професори од Инфективната клиника.

Премиерот Оливер Спасовски вчера повторно упати порака дека со корона кризата ќе се справиме само со висока свесност кај сите и со почитување на мерките за лична заштита од страна на граѓаните и ефикасни реакции на институциите таму каде што ќе има прекршување, бидејки заштитата на јавното здравје е законска обврска.
Министерството за внатрешни работи вчера соопшти за регистрирани нови 805 прекршоци за неносење маски. Во текот на викендот на територијата на државата им се издадени решенија за изолација на 213 лица, а 299 други потпишале изјави за самоизолација.
Next Post

За насоката медицинска сестра во три училишта денеска ќе има квалификациско тестирање

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk