ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Повеќе од 9.2 милиони заразени од Ковид-19 во светот

June 23, 2020 19:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.259.554. Од нив починале 476.004, а оздравеле 4.986.516 луѓе.

– Две лица заразени од Ковид-19, мажи на возраст од 66 и 72-годишна возраст, починаа денеска во Косово, со што бројката на жртви на епидемијата достигна 39. Во текот на вчерашниот ден се потврдени нови 42 случаи, а бројката на носители на коронавирусот од почетокот на епидемијата изнесува 2.216. Како излекувани се водат 1.069 лица, од кои вчера се регистрирани 22. Активни носители на вирусот, според последниот извештај, се 1.108 лица. Вчера се извршени 314, а од почетокот на епидемијата 21.831 тестирање.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, во земјата има 3.302 заразени лица.

–Бројот на заразени со Ковид-19 на Кипар се зголеми на 990 лица, откако во изминатите 24 часа беа потврдени два нови случаи од направени 1.067 тестови.

– Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 30 новозаразени од коронавирусот, а тестирани се 347 лица. Од почетокот на епидемијата вкупно се заразени 2.366 лица. Досега во Хрватска се тестирани 73.093 лица. На болничко лекување се 16 пациенти. Вкупниот број починати од почетокот на епидемијата изнесува 107, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

– Во Словенија се потврдени 13 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што е најголемо дневно зголемување од 24 април, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според словенечката Цивилна заштита, се работи пред сè за случаи кои се „увезени“ од Босна и Херцеговина. – Се работи за примери на заразени кои вирусот го добиле во Босна и Херцеговина. Треба да искажеме и пофалба, бидејќи новозаразените веднаш се изолирани, а се најдени и сите оние со кои тие имале контакт, изјави Сречко Шестан од Цивилната заштита.

Изминатите 24 часа во Словенија се направени вкупно 984 тестирања, објави Националниот институт за јавно здравје. Во медицинските центри низ земјата, поради Ковид 19 болнички се лекуваат пет пациенти, а пореди потешка форма на болеста на интензивна нега е само едно лице.

– Здравствените власти во Велика Британија соопштија дека вкупниот број починати од Ковид-19 во земјата изнесува 42.927 лица, вклучително и 171 лице кои починаа во последните 24 часа.

– Министерството за здравство на Перу соопшти дека бројот на новозаразени во текот на вчерашниот ден е најмал од почетокот на мај и изнесува 2.511, со што вкупниот број достигна 257.000. Според Си-Ен-Ен, бројот на починати се зголеми за 174 или вкупно 8.223.

Во Перу денеска е 100-ти ден од воведувањето вонредна состојба во земјата, но властите во главниот град Лима и некои други градови го одобрија повторното отворање на трговските центри за да се овозможи продолжување на економските активности.

– Во Иран бројот на смртни случаи од Ковид-19 денеска изнесува 121, што е најголем дневен биланс во последните два месеца. Вкупниот број починати досега изнесува 9.863 лица. Во последните 24 часа новозаразени се 2.445 лица, со што вкупниот број достигна 209.970.

Next Post

Хакирани Фејсбук страните на Стефан Богоев, Дарко Каевски и СДСМ Карпош

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk